sv.Jovan.Kasijan.jpg

Преподобен Јован Касијан

Кој, надевајќи се на Божјата помош, а не во сопствениот труд, ќе се удостои да го стекне тој степен на совршенство, тој, од ропската состојба во која делува стравот, и од наемничката состој-ба во која се покажува, не толку благодарноста кон добрината на дародавецот, колку желбата да се стекне заслужената казна, преминува во состојба на посиновување, во кое непрестајно делува „љубовта што никогаш не престанува". Кому му доликува стравот, прекорувајќи некои заради недостаток во овие добродетели: „Синот го почитува татка си, а робот - својот господар; а ако Јас сум татко, каде е почитта кон Мене? И ако Сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене?" (Ма лах. 1:6). Според тоа, слугата мора да биде исполнет со страв, бидејќи „оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен" (Лк. 12:47). А кој со посредство на љубовта ќе достигне уподобување на Бога, ќе наоѓа задоволство во доброто веќе заради самото свое расположение кон доброто. Откако ќе стекне трпение и кроткост, делумно слични на божествените, тој нема да биде гневен кон оние кои грешат ни заради било какви нивни пороци, туку прво ќе ги моли за прошка, споменувајќи си дека и со него владееле слични страсти се додека Божјото милосрдие не го спасило од нив. Сфаќајќи дека не се избавил со сопствени сили од борбата против телото, туку го спасило Божјото покровителство, тој на заблудените ќе им излива милост, пеејќи Му на Бога со потполно спокојство на срцето: „Си ги расковал од мене моите окови; жртва на пофалба ќе ти принесам" (Пс. 117, 16-17) и „Господ да не ми помогнеше, за малку душата моја ќе се населеше во адот" (Пс. 94:17). А наоѓајќи се во такво смирение на духот, тој може и да ја исполни возвишената евангелска заповед: „Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат" (Мт. 5:44). Значи, оној кој сака да достигне вистинско восиновување од Бога, прво треба да прави добро од љубов кон самото добро, за што светиот апостол вака говори:
„Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази и лукавиот не се допира до него" (I Јн. 5:18). Ова, меѓутоа, не се од-несува на сите видови гревови, туку само на смртните гревови. Кој не сака да се воздржува и да се очистува од нив, за таквиот не треба ни да се молиме, како што порачува свети апостол Јован: „Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се моли" (I Јн. 5:16).
А од оние гревови што се нарекуваат „гревови што не се за смрт" не можат да бидат слободни ниту најверните Христови слуги, макар и со големо внимание да се пазеле од нив. Очигледно обележје според кое се препознава дека душата уште не се очистила од нечистотијата на пороците е немањето сожалување кон туѓите пропусти и изрекување на строг суд за нив. Бидејќи, како би можел да има совршенство на ср-цето оној човек кој не го стекнал ни она, според зборовите на апостолот, што претставува исполнување на законот?
„Носете го бремето еден на друг и така исполнете го законот" (Гал. 6:2). Тој ја нема ни онаа добродетел својствена на љубовта да „не се раздразнува, да не вика, да не мисли за злото, се да извинува, во се да верува, на се да се надева" (I Кор. 13:4,5,7). Бидејќи „праведникот се грижи за животот на своето мало животно, а кај безбожникот срцето не е милостиво" (Изрек. 12:10). Ако, значи, некој со непоштедна, нечовечна строгост го осудува другиот, тоа е сигурен знак дека и самиот тој е под власт на истите тие пороци.

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ