Markov.freska2.jpg

Според делата
на свети Игнатиј Брјанчанинов

дар се излива со дејството на Светиот Дух во душите на оние луѓе кои од себе ја измиле греовната нечистотија и кои со постојаност во подвигот на очистување докажале дека се подготвени да го примат тој голем дар. Преосветениот Игнатиј пишу-а: „Он (Бог) е свет и единствено во светиите престојува. Бог е самодоволен: бесплодни се настојувањата на човекот во себе да Го прими Бога , кога се уште нема во него да престојува Божјо благоволение, без обѕир на тоа што човекот е храм создаден од Бога, создаден токму со цел во него да се населува Бог (I Кор. 3:16). Тој храм се наоѓа во тажна опустошеност: пред осветување-то нему му е потребно обновување". Предвреме-ното стремење да го развиеме во себе чувството на љубовта, како што објаснува свети Игнатиј, претставува самопрелажување што оддалечува од исправното служење на Бога и коешто чове-кот го воведува во секаква заблуда. Ова неразу-мно стремење на грешниот човек се
Епископ Игнатиј вели дека многу луѓе, от-како ќе прочитаат во Светото Писмо дека љу-бовта е највозвишена добродетел (I Кор. 13:13) и дека таа е Бог (I Јн. 4:16), веднаш пробаат да го развијат ова чувство во своето срце; тие почнува-ат со љубовта да проникнуваат во своите моли-тви, во богомислието и во се што прават. Но Бог се одвраќа од таква нечиста жртва, таа не Му е угодна: Бог од човекот не прима сонувачка, телесна, со гордост и со сладострастие осквернета туку чиста, духовна и света љубов. Залуден е стре-межот да Му служиме на Бога со љубов што про-излегува од особините на паднатиот човек. Ви-стинската љубов кон Бога е Божји дар. Тој завршува со пропаст на душата. Оваа мисла владиката ја пот-крепува со пример од старозаветната историја. Во книгата „Левитска" се раскажува за тоа како синовите на првосвештеникот Аарон, Надав и Авијуд како жртва на Бога се осудиле да Му при-несат туѓ оган, што Господ не заповедал (при свештенослужењето можело да се користи един-ствено осветениот оган што се чувал во Скини-јата - /палатката, шаторот/ на сведоштвата) и ка-ко Господ ги казнил со лута казна: „Дојде оган од Господа и ги удри и тие изгинаа пред Господа" (III Мојс. 1-2).
Па зар ние, затоа што сме грешници, во-општо нема да Го љубиме Бога?" - прашува епи-скопот Игнатиј и самиот понудува одговор на тоа прашање: „Не! Ќе Го љубиме, но на оној на-чин на којшто Он заповедал да Го љубиме; со си-те сили ќе настојуваме да спечалиме света љу-бов, ама кон неа ќе одиме по патот што ни го по-кажал единствено Бог. Нема да се предаваме на лажни занесувања, измами и превознесување! Во срцето нема да го разгоруваме пламенот на сладострастието и суетата, толку немили пред Бога, а за нас толку погубни пороци!" Единствен пра-вилен и безбеден пат кон Божјата љубов влади-ката Игнатиј, следејќи го учењето на светите от-ци го гледа во воспитување и негување на страв пред Бога во својата душа. Чувството на стравот пред Бога никако не смее да се разбере во груба и во погрешна смисла како некаков животински и несвесен страв. Не! Чувството на страв пред Бога претставува едно највозвишено чувство што христијанинот може да го стекне. Тој пишу-ва: „Возвишено е и така посакувано чувството на Божјиот страв! Кога тој делува во човекот, умот го симнува погледот, престанува да изговара збо-рови, да умножува мисли: тој со трепетно молче-ње што надалеку го надминува секој збор, ја и-скажува свеста за својата ништожност и вознесу-ва неискажлива молитва што се раѓа од ваква со-вест'\ Чувството на страв пред Бога, што е една-кво на најдлабокото треперење пред Него, се ја-вува кај секој христијанин при размислувањата за неопфатната величественост на Божјото Би-тие и по свеста за сопствената ограниченост, не-моќ и греовност. Ако Он (Бог) се понижил зара-ди нас, примајќи облик на слуга според неизрече-ната љубов кон нас, ние немаме право да забора-ваме кои сме пред Него. Должни сме да Му при-стапуваме онака како што пристапуваат слугите кон својот Господар, онака како што созданието се однесува кон својот Создател" - вели владика-та. Во продолжение тој изнесува како сите небе-сни жители, кои непрестајно го опкружуваат Го-спода, стојат пред Него во страв и во трепет. Преславните серафими и огнените херувими не можат да ја гледаат Божјата слава; тие со крилја-та ги покриваат своите огнени лица и „со непре-стајно, вечно восхитување" воскликнуваат: „Свет, Свет, Свет е Господ Саваот!"
Грешникот може да застане пред Бога е-динствено во облека на покајание. Покајанието на христијанинот го прави способен за примање на преизобилните дарови Божји: тоа прво го во-ведува во страв Божји, а подоцна, постепено, во љубов. Стравот Божји е дар од Севишниот Бог; како и сите дарови, тој се добива од Господа со молитва и со непрестајно делотворно покајание. Колку што напредува христијанинот во покаја-нието, толку повеќе тој ќе го чувствува Божјото присуство од Кого се раѓа и светото чувство на стравот. Меѓутоа, доколку при обичниот страв кај човекот се јавува стремеж да се оддалечи од она што го предизвикало тој страв, за духовниот страв, напротив, карактеристично е дека прет-ставува дејство на Божествената благодат, има својство на духовна наслада, па се повеќе и пове-ќе го привлекува човекот кон Бога.
Светото Писмо повеќепати говори за стравот Божји, одредувајќи го како почеток на премудроста (Пр. Сол. 1:7). Свети апостол Павле на сите христијани им заповеда: „...со страв и тре-пет градете го вашето спасение" (Филип. 2:12).

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

 

 Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ