ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци


 Hristos.blagoslovuva.jpg

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

Господи, всели во мене корен на добрини, а Твојот страв во моето срце.
Почитувајте Го секого, браќата сакајте Ги, од Бога бојте се, царот почитувајте Го!
Слуги, покорувајте им се на своите Господари, не само на добрите и кротките, туку и на лошите!

(I Петр. 2:17-18)

Стравот Божји е почеток на добродетелта...
Научи се во темелите на своето патува-ње да Го поставиш стравот Божји, па брзо ќе се најдеш пред вратите на Царството. Стравот наликува на стап на отец со што тој управува со нас додека да ГО достигнеме во духовниот рај на добрините; кога, пак, ќе стасаме таму, тој не напушта и се враќа. Рајот е Божја љубов во која има насладување од сите блаженства.

Св. Исаак Сириски

Смиреноумието и стравот Божји се нашите насуштни потреби исто како и дишење-то. Почетокот и крајот на духовниот пат е страв Господов.

Преподобен Пимен Велики


Имај страв Божји и љубов кон Бога и со сите постапувај според чистото сведоштво на совеста.
Свети Максим Исповедник


Како што се топи восокот од лицето на ОГНОТ (Пс. 68:3) така исчезнува нечистата по-мисла од стравот Божји.

Блажен авва Таласиј


Духот на стравот Божји е воздржување од сите (небогоугодни) дела.

Свети Максим Исповедник

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

 

 Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА