Hristos.pantokrator.jpg

I. "ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ"
— е првата прозба.

Божјото име, само по себе, секогаш е потполно свето, се вели во Светото Писмо, бидејќи Бог по Својата природа е свет (Лука 1,49; 3. Мој. 11, 45; 19,2; 1. Петр. 1, 16). Он е свет и сесвет. Посвет е од сите светии, како што Му пеат непрестано ангелите и архангелите, серафимите и сите небесни сили и Го слават велејќи: "Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!" (Иса. 6, 3; Отк. 4,8).
Така, во зборовите "да се свети името Твое" е искажана основната мисла за славата Божја.
Ова е прва прозба во молитвата и уште на почетокот треба да се  научиме дека при нашето моление не треба да бараме ништо друго пред славата Божја, или најнапред да ја бараме славата Божја, а потоа се друго.
Преку Божјото свето име се извршуваат сите свети тајни и се осветуваат, бидејќи Бог е свет, сесвет и посвет од сите светии.
Тогаш, каква желба изразуваме со зборовите: "Да се свети името Твое"?
Ние со овие зборови молиме од Бога помош и бараме Он да помогне луѓето да го почитуваат Неговото свето име, па така Бог да се про-славува над се друго во светов. Значи, зборовите "да се свети името Твое" значат да се прославува името Божјо и да се благословува Господ Бог од "сите ангели Негови: — сите Негови војски, Негови служители... и сите Негови дела" (Псал. 102, 20-22).
Што значат зборовите "да се свети  името Твое"? Оние што ги  величаат царевите и господарите, спомнувајќи ги нивните титули и прославувајќи ги, не оти со тоа постануваат царевите — цареви, туку само се посведочува нивната вистинитост. Така и ние, со зборовите "да се свети името Твое", само ја соопштуваме Божјата светост.
"Да се свети" значи да се прославува. Ние можеме да Го прославуваме Божјото име. Свети Тихон Задонски вели: "Името Божјо е свето и без нашето прославување, но ние треба да се погрижиме тоа и во нас да се слави — да се свети."
Јасно е дека кон она што е свето, ние се однесуваме со стравопочит. Затоа зборовите "да се свети името Твое" треба да се разберат како повик: "Боже, стравопочит всади во моето срце!" "Да се свети Твоето име" значи: "Господи, всади страв Божји во нашите срца, бидејќи стравот Божји е извор на духовната мудрост и богоугодниот живот."
Блажени Августин овие зборови вака ги толкува: "Да се свети", значи да се почитува светоста и да не се презира. А ти кога го презираш Божјото име, на Бога не Му наштетуваш, туку себе си.
Децата го почитуваат и го слават својот татко. Така и Бог сака од нас ревносно да го почитуваме Неговото име.
Во десетте Божји заповеди се вели: "Не го изговарај напразно (односно непотребно), името на Господа твојот Бог" (Трета заповед од Декалогот).
Името ја претставува личноста, па така ние, ако го почитуваме името Божјо, значи Го почитуваме Бога.
"Да се свети името Твое" значи да биде свето и да не се презира Божјото име. Ако, пак, некој го презира името Божјо, тоа е погубно и ужасно за него, а не за Бога.
Страшно е за секој човек поединечно, како и за секој народ,  кој не Го почитува Бога и не Го прославува Неговото свето име.
А, Божјото име е свето и славно и без нашето прославување, но нашата христијанска должност ни налага, да се трудиме Бог постојано да се слави во нас и преку нас.
Како го правиме тоа? Еве како:
Името Божјо може "да се свети"
и на земјата — меѓу луѓето:
1) Со проповедање на верата во Бога;
2) Со ширење на вистинското богопознание преку распростра-нување на Божјото Откровение;
3) Објавувајќи им го на луѓето Светото Евангелие и правејќи го познато името Божјо на сите. На тој начин се зголемува меѓу луѓето бројот на оние, кои ќе го исповедаат името Божјо;
4) Со нашите молитви;
5) Со нашиот побожен живот,  кој претставува јавно огледало на Бога и Божјото име.
Затоа Свети Григориј Ниски рекол: "За мене најглавно од се е тоа да успеам со мојот живот да го прославувам името Божјо."
"Да се свети" значи да се прославува, односно Бог да не удостои да живееме чисто и преку нас да Го слават Бога сите луѓе. Бог бара свет живот за божјите луѓе, за крстените христијани, како што е речено во Светата Библија: "Бидете свети, бидејќи Јас сум свет". (1 Петр. 1, 16; 3. Мој. 19, 2).
Затоа Свети Јован Златоуст, овие зборови ги толкува уште и вака: "Господи, удостој не да живееме свето и чисто така што преку нас сите Тебе ќе Те слават и секој што ќе го види нашиот живот, ќе Ти вознесе хваление." А во Светото Писмо се вели: "Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудците,  ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо" (1. Кор. 6,9-10).
Уште, името Божјо се свети и

 6) Со нашите добри дела,

со кои Го прославуваме Божјото име пред луѓето. Затоа е речено во Светото Евангелие: "Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни" (Матеј 5,16).
Блажени Теофилакт додава: "Нашиот живот, Господи, направи го таков што 6и бил во Твоја слава."
Како што со моите лоши дела Бог се хули, така со моите добри дела Он се прославува како свет.
Со зборовите "да се свети името Твое", ние бараме страв Божји, и како да велиме: — Оче небесни, направи со страв и љубов достојно да се  поклонуваме на Твоето име и да го славиме во нашите дела, слова и помисли.
Светителите и праведниците, пак, правеле да се свети името Божјо:
7) Преку нивните подвизи и чудотворства, како и преку мачеништвото кое го поднесувале славејќи го името Божјо.
Значи, Божјото име ќе се свети и прославува, ако сите наши работи и дела ги вршиме достојно во името Божјо.
Со зборовите "да се свети името Твое" ние се молиме да се свети Божјото име и кај оние што не веруваат во Христа Господа, па и тие да се обратат, да Го познаат вистинскиот Бог и да поверуваат во Него. Се молиме да се распространи вистинското богознаење меѓу луѓето и така сите луѓе да претставуваат едно Божјо семејство кое Бога ќе Го има за свој Отец.

Се молиме и за оние, кои се крстени христијани, а живеат нехристијански и со тоа хулат на верата и на Бога и го обесветуваат Неговото свето име. Тоа се оние, кои се "на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле", па поради нив "името Божјо се хули меѓу незна-бошците" (2. Тим. 3,5; Рим. 2,24). Преку овие зборови во молитвата ние бараме на таквите Бог да им помогне да го остават лошиот и грешен живот и да живеат побожно и чесно, па да може на тој начин и преку нив да се свети името Божјо.
Изговарајќи ги зборовите "да се свети името Твое" ние се молиме да биде прославувано и побожно почитувано името Божјо преку сите луѓе.
Тоа е израз на нашето чувство слично како кај децата кои природно го сакаат, го почитуваат и го слават нивниот телесен татко (родител). Но, при тоа, тие не се задоволни со тоа што нивниот татко ќе биде почитуван и славен во семеЈниот круг, туку сакаат тој да биде славен и почитуван од сите. Така е и со нашето одне-сување кон Бога — нашиот Татко (Отец). Ние не сме задоволни само од нашето почитување, туку сакаме Бог да биде почитуван и славен од сите и се молиме за тоа велејќи: "да се свети името Твое!"
Ние, христијаните, треба постојано да го прославуваме Божјото име со нашите мисли, со срцата наши и со сиот свој живот, па да засветлиме како вистинска духовна светлина пред луѓето (Матеј 5,16).
Онаму, каде што вистински не се прославува Божјото свето име, односно меѓу народите каде што не се почитува Бог, "луѓето се како волци и готови се да се изедат едни со други."

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

  Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
  Друго:

Друго:

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(1)

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва(2)