sv.Kiprijan.Kartagenski.jpg

Свети Кипријан Картагински

ПИСМО ДО ЦЕЦИЛИЈ ЗА СВЕТАТА ТАЈНА НА ЧАШАТА ГОСПОДОВА

Кипријан на братот Цецилиј му посакува здравје!
Најсакан брате, знам дека повеќето епископипоставени од Бога над Црквите Господови по целиот свет, го чуваат правилото на евангелските вистини и на Господовото предание, не отстапувајќи пред човечките новитети од она на што ги научи Христос - Учителот и што Самиот Он го направи. Но, со оглед дека некои, при осветувањето на Чашата Господова и нејзиното предавање на народот, од незнаење или од простота, не се придржуваат до она што Го направи и заповеда да се прави Причинителот на ова жртвопринесување и нашиот Учител Господ Исус Христос, сметав дека е благочестив, а исто толку и неопходен дел за тоа да ти напишам некој збор, па со откривањето на светлината на вистината, оние, кои до денес се наоѓаат во заблуда, да се свртат кон коренот и почетокот на Преданието. Најсакан брате, немој да мислиш дека ние, кои секогаш за себе мислиме со смирение и самопонизност, би се осмелиле ова да го пишуваме како свое човечко мислење, ниту како од себе самите. Верниот слуга Господов, во што и да се покорува на својот Господ, бидејќи на тоа го обврзува или Божјото предупредување или заповедта (Божја), оправдување пред сите му е токму тоа што тој не дејствува според своја волја и според гордоста, туку исклучиво од страв да не го разжалости Господа со неисполнувањето на Неговата заповед. А ние, знај го тоа, примивме заповед да го чуваме преданието Господово во поглед на принесувањето на Чашата Господова, и да не правиме ништо друго освен тоа што заради нас прв го направи Самиот Господ, односно Чашата во Негов спомен да не ја принесуваме никако поинаку, туку исполнета со вино. Христос вели: "Јас сум вистинс¬ката лоза" (Јован 15, 1). Значи, Крвта Христова не е вода, туку вино, и поради тоа не треба да се мисли дека Крвта Господова, со која сме искупени и оживеани, се наоѓа во Чашата Господова кога во неа нема вино, зашто единствено виното ја претставува Крвта Христова, како што може да се види и од праобразите и од сведоштвата во целото Свето Писмо. Така, првиот праобраз на оваа Света тајна го наоѓаме во Книгата Битие, во ликот на Ное, во кого идното страдање Господово било праобразено со тоа што тој "се напи од виното, па се опи, и легна Гол среде шаторот свој", а неговиот среден син, гледајќи ја голотијата на својот татко "излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои" а другите двајца, постариот и помладиот, ја покрија голотијата на својот татко (1. Мој. 9, 21-23). Тоа го предобразиле и многу други случки од Ноевиот живот, но сметаме дека е излишно овде да ги набројуваме, бидејќи наоѓаме дека е доволно да укажеме на најважната од нив, на тоа што Ное, кој самиот претставувал праобраз на идната вистина, не пиел вода, туку вино, со тоа предобразувајќи го страдањето на Господа. На сличен начин и во свештеникот Мелхиседек била предобразена Тајната на Господовото жртвопринесување, како што сведочат следниве зборови од Светото Писмо: "И Мелхиседек, царот салимски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на севишниот Бог, па го благослови Аврама" (1. Мој. 14, 18-19). А дека Мелхиседек беше праобраз на Христа, се гледа и од Псалмите, каде што Светиот Дух, во името на Отецот, Му говори на Синот: "Те родив уште пред да постои ѕвездата Деница... Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков" (Псал. 109, 3-4). Токму тој чин е чинот што доби свој израз во жртвопринесувањето Христово и води свое потекло од тоа што Мелхиседек беше свештеник на Севишниот Бог, што принесе леб и вино и го благослови Авраама. Зашто кој е првенствено свештеник на Севишниот Бог, ако не нашиот Господ Исус Христос, Кој Му принесе жртва на Бога Отецот и тоа истата жртва што ја принесе и Мелхиседек - леб и вино, односно Телото и Крвта Своја? А само добрата волја, дарувана на Авраам, предобразувачки се однесуваше на нашиот народ. Ако "му поверува Аврам на Господа Бога, и тоа му се прими за оправдание" (1 Мој. 15, 6), тогаш тоа значи дека секој што верува во Бога и живее според верата е оправдан и благословен уште во ликот на верниот Авраам, а тоа го потврдува и блажениот апостол Павле: "Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се прими за оправдание. Знајте, пак, дека оние, што се потпираат на ве-рата, се синови Авраамови. И Писмото, како што предвидуваше, оти Бог преку вера Ги оправдува иноверците, однапред му благовести на Авраама: ,Во тебе ќе бидат благословени сите народи.' И така, оние, што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам" (Гал. 3, 6-9). Затоа и читаме во Евангелието дека од камења, односно од незнабошци ќе му се издигнат чеда на Авраама (Мат. 3, 9). И фалејќи го Закхеја, Господ рече: "Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов" (Лука 19, 9). Затоа, за на соодветен начин да се изврши благословот, кој свештеникот Мелхиседек му го предаде на Авраама, како што се вели во книгата Битие, на благословот му претходи праобразот на жртвата Христова, кој се состои од лебот и виното. Исполнувајќи го токму тој праобраз, Господ принесе леб и чаша со вино и ја исполни вистината предобразена во праобразот, станувајќи Самиот полнота на Вистината. Исто така и Светиот Дух, преку Соломон го предобрази начинот на жртвопринесувањето Господово, укажувајќи не само на принесената жртва, на лебот и виното, туку и на жртвеникот и на апостолите: "Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и јаприготви трпезата своја; ги испрати слугите свои да огласат од Градските височини: ,Кој е неразумен, да наврати тука!’ И на малоумните таа им рече: Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила" (Изрек. 9,1-5). Се зборува за налеано вино, односно пророчки се најавува Чашата Господова, исполнета со вода и вино за да се покаже дека во страдањето Господово се изврши она што однапред било претскажано. Истото тоа е предобразено и во Јудиниот благослов: овде ликот Христов се предобразува со тоа што браќата негови го фалат и Му се поклонуваат; што рацете Негови, со кои Он ќе го понесе Крстот и ќе ја сотре смртта, ги сотираат плеќите на непријателите кои Он ги победи и ги натера во бегство; што Он - лавот, од родот Јудин, легна и заспа во страдање, но ќе се разбуди Он Кој е очекување на народите (1. Мој. 49, 8-10). На ова Светото Писмо ги додава уште и следните зборови: "во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое" (1. Мојс. 49,11). Што означува овде сокот од грозјето ако не вино од Чашата на Крвта Господова? Токму истото тоа го сведочи и Светиот Дух и кај Исаија во врска со страдањата Господови: "Зошто твојата облека е црвена, и твоите одежди - како на оној, што газел во каца?" (Иса. 63, 2). А може ли облеката да поцрвене од вода, и кој гази со нозете во каца да цеди вода? Значи, овде се зборува за виното, за со него да се означи Крвта Господова, и преку Пророците да се претскаже она што подоцна требаше да се открие во Чашата Господова; а газењето и цедењето во кацата покажува дека, како што не би можеле да пиеме вино ако претходно грозјето не е изгазено и исцедено, исто така не би можеле да ја пиеме ниту Крвта Господова, ако Христос не беше претходно изгазен и исцеден и ако Он Самиот претходно не ја испиеше Чашата што ќе им ја предаде на верните.
Кдде и да се спомнува водата во Светото Писмо, таа секаде го предобразува Крштението, како на пример кај Исаија: "Но вие не се сеќавате за поранешното и за некогашното не помислувате. Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате даго знаете? Ке направам пат низ степи, реки - преку пустина. Полските ѕверови ќе Ме прослават, чакали и ноеви, зашто ќе им дадам вода во пустината, реки - во суви степи, за да Го појам Мојот избран народ. Овој народ Го создадов за Себеси; тој ќе ја разгласува славата Моја" (Иса. 43, 18-21). Бог овде преку Пророкот најавувацека кај незнабошците, на оние места кои пред тоа биле безводни, ќе потечат реки и дека ќе го напојат избраниот народ Божји, односно оние што ќе станат деца Божји преку обновување на Крштението. Он уште пророкува дека и Јудеите, ако ожеднат и ако го засакаат Христа, ќе се напојат кај нас, односно кај нас ќе ја примат благодатта на Крштението: "Не ожеднуваат тие во пустините, преку кои ги води: Он им извади вода од камен; пресекува карпа,- и се леат води" (Иса. 48, 21). Сево ова, според Евангелието, се исполни кога Христос, Кој е Каменот, беше прободен со копје за време на страдањето и Кој, укажувајќи на она што беше претскажано преку Пророкот, извика со висок глас, велејќи: "Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода" (Јован 7, 37-38). А да биде појасно дека Господ овде не зборува за Чашата, туку за Крштението, Писмото додава: "А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние, кои веруваат во Него" (Јован 7, 39). Светиот Дух се прима преку Крштението, а од Чашата Господова пристапуваат да пијат оние кои веќе се крстени и се удостоиле да Го примат. Никого не треба да го доведува во недоумица тоа што Божественото Писмо, зборувајќи за Крштението, не претставува како жедни и како оние што пијат, бидејќи и Бог вели во Евангелието: "Блажени се гладните и жедните за правда" (Мат. 5, 6), бидејќи, секако, поцелосно и пообилно се прима она за што во нас постои голема глад и жед. И на друго место Господ и вели на жената Самарјанка: "Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедне; а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедне; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен"(Јован 4,13-14), со што го означува она својство на спасоносното Крштение, според кое тоа (крштението) се прима еднаш и повеќе не се повторува, додека Чашата Господова во Црквата го сочинува секојдневниот предмет на жеднеење и пиење.
Впрочем и нема потреба, најсакан брате, да се биде преопширен во докажувањето на тоа дека водата во Писмото секогаш го означува Крштението, и дека тоа треба токму така да се сфаќа, бидејќи Господ, доаѓајќи во светот, ни го предаде вистинското учење за Крштението и за Чашата, заповедајќи, од една страна, на верните преку Крштението да им се предава оваа вода на верата, вода на животот вечен, а од друга страна, по својот пример не научи да ја полниме Чашата со вино заедно со вода. Вечерта спроти Своето страдање, земајќи ја Чашата, Он ја благослови и им ја даде на учениците свои, велејќи: "Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите. И вам ви велам, оти од сега нема да пијам од овој лозов плод се до оној ден, кога ќе пијам нов - со вас, во царството на Мојот Отец" (Мат. 26,27-29). Одовде се гледа дека чашата што ја принел Господ била полна и дека она што Он го нарекол Своја Крв било вино. Оттука е очигледно и тоа дека Крвта Христова не се принесува во Чашата кога во Чашата нема вино и дека жртвопринесувањето Господово не добива законито осветување кога нашето принесување и жртвата не одговараат на страдањето Господово. А како да се удостоиме заедно со Христа да го пиеме новото вино од лозовиот плод во Царството на Отецот Негов, кога во жртвата на Бога Отецот и на Христа не принесуваме вино и кога во Чашата Господова не тураме вино според Преданието Господово? Блажениот апостол Павле, пратеникот Господов, избран да ја благовести евангелската вистина, во своето Послание вака ја опишува оваа Света тајна: "Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, и, откако заблагодари, го прекрши и рече: ,3емете, јадете, ова е Телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!' По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече: ,Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете Го, кога ќе пиете за Мој споменТ Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде" (1. Кор. 11, 23-26). Ако, пак, Господ заповеда, а Апостолот Негов потврдува и предава, дека секогаш кога пиеме во спомен Господов го правиме истото што го правел и Самиот Господ, тогаш е јасно дека таа заповед ќе биде исполнета исклучиво тогаш кога ќе го правиме истото она што го правел и Господ и кога, полнејќи ја Чашата Господова, нема да отстапуваме од Божественото упатство. А дека ни малку не смее да се отстапува од она што е заповедано во Евангелието и дека учениците се должни до буква да го чуваат и прават она на што ги учеше (блажениот апостол Павле) на едно друго место уште построго и погласно говори: "Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон друго благовестие; не затоа што има друго евангелие, но има такви, што ве смутуваат и сакаат да го изопачат Благовестието Христово. Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!"(Гал. 1, 6-8). Според тоа, ако дури ни самиот апостол, ниту Ангелот од Небесата не можат да благовестат и да учат поинаку, освен така како што Христос ги учеше луѓето и како што благовестеа апостолите Негови, се чудам од каде тоа на некои места се појави обичај спротивен на евангелското и апостолското учење, т.е. во Чашата Господова да се налева само вода, бидејќи водата сама не може да ја претставува Крвта Господова. За таа Света тајна, Светиот Дух ниту во Псалмите не молчеше, туку рекол за Чашата Господова: "...чашата твоја ме напојува со блаженство" (Псал. 23, 5). Само по себе се подразбира дека чашата што опива е полна со вино, бидејќи од вода никој не може да се опие. Чашата Господова опива онака како што, според книгата Битие, се опи Ное, напивајќи се од виното. Но за да покаже дека опиеноста од Чашата Господова и од Крвта не е таква какво што е пијанството од обично вино, Светиот Дух, во Псалмите, вели: "Чашата Твоја која ме опива", и додава и "како властодржна", односно, Чашата Господова ги опива оние што така пијат од неа што ги прави уште потрезвени, насочувајќи го нивниот ум кон духовната мудрост и, наместо кон земните работи, ја насочува нивната мисла кон Едниот Бог. И како што по обичното вино умот се чувствува послободен, а душата повосхитена, заборавајќи на сите претходни грижи, така и по пиењето на Крвта Господова од спасоносната Чаша се брише паметењето на стариот човек, се заборава целиот претходен живот и, наместо тешкото и мачно чувство на огревовеност кое го притиска срцето, се раѓа радосно чувство поради милосрдието Божјо. Но со таква радост може да се удостои оној што во Црквата Господова ја пие Крвта Христова само тогаш кога во самиот пијалак е сочувана вистината Господова. И колку е само нечесно и богопротивно да се претвора виното во вода кога тоа што Господ ја претвори водата во вино на свадбата требаше да не вразуми и да не научи дека при жртвопринесувањето Господово треба првенствено да се принесува вино! На Јудеите им снема вино, затоа што им снема духовна благодат, иако домот Израилев беше "лозје на Господ Саваот" (Иса. 5, 7). Затоа Христос сакајќи да покаже дека незнабошците ќе влезат во наследството Негово и дека по заслуга на верата ќе го заземат местото што го загубија Јудеите поради неверувањето, ја претвори водата во вино и со тоа покажа дека, иако Јудеите се премислуваа дали да дојдат на венчавањето на Христа со Црквата, на свадбата од сите страни се собра народот незнабожечки. А дека водата го означува народот, тоа го потврдува Божественото Писмо во Откровението, каде што се вели: "Водите, што Ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се лугето и народите, племињата и јазиците" (Откр. 17,15). Токму тоа се претставува и во Светата Тајна на Чашата. Бидејќи Христос, земајќи ги врз Себе нашите гревови, не зеде сите нас, јасно е дека водата го означува народот, а виното - Крвта Христова. Мешањето на водата со виното во Чашата го покажува сојузот на народот со Христа, на верните со Оној во Кого веруваат. Водата и виното по мешањето така меѓусебно се соединуваат, што веќе не можат да се разделат една од друго: исто така ништо не може да ја оддели Црквата од Христа, односно народот кој ја сочинува Црквата, кој цврс-то и непоколебливо престојува во верата и кој е соединет со врската на секогаш неразделната љубов. Токму затоа при осветувањето на Чашата Господова не смее да се принесува ниту само вода, ниту само вино. Ако се принесува само вино, тогаш Крвта Господова би останала без нас, а доколку се принесува само вода, тогаш народот би останал без Христа. И затоа Тајната духовна и небесна се извршува единствено тогаш кога и едното и другото се мешаат и неразделно се соединуваат. Чашата Господова, значи, не ја прави ниту само водата, ниту само виното, туку и едното и другото заедно; исто како што Телото Христово не може да биде ниту само браш¬но, ниту само вода, туку и едното и другото, соединети во составот на еден леб. И овде таинствено се изобразува единството на народот, бидејќи како што многу зрна, собрани заедно, сомелени и замесени, образуваат еден леб, така и многу верници соединувајќи се во Христа - Небесниот Леб, го сочинуваат едното и исто тело.
Според тоа, најсакан брате, во никој случај не смее да се следи обичајот на некои кои во Чашата Господова принесуваат само вода, па и да имало пред нас такви кои го сметале тоа за законито. Нив треба да ги прашаат: На кого тие му следувале? Бидејќи ако во жртвопринесувањето што го изврши Христос треба да Го подражаваме Христа, тоа значи дека треба без никакво противречење да се извршува она што го изврши Христос и што заповеда да се прави, особено затоа што Самиот Он во Евангелието говори: ".. .Вие сте ми пријатели, шо Го вршите она, што ви заповедам Јас. Не ве наречувам веќе слуги,..." (Јован 15, 14-15), а и Отецот ни посведочи од Небесата дека треба да го слушаме единствено Христа, велејќи: "Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!" (Мат. 17, 5). Ако треба да го слушаме единствено Христа, тогаш не треба да обрнуваме внимание на она што некој си го замислил пред нас, туку на она што го направи Христос, Оној Кој е пред сите. Не треба да го следиме човечкиот обичај, туку вистината Божја, внимавајќи на она што го рекол Бог преку пророкот Исаија: "...Почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило..'."(Иса. 29, 13). Ова го повторува и Господ во Евангелието, велејќи: "Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?" (Мат. 15, 3), а на друго место Господ исто така вели: "И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ќе ги научи лугето, најмал ќе се нарече во царството небесно..." (Мат. 5, 19). Ако не е дозволено да се наруши ниту најмалата од заповедите Господови, колку е тогаш поголем престап, согласно со човечките преданија, а наспроти Божјото правило, да се наруши или да се измени една толку голема, толку важна Божествена заповед, која е толку тесно поврзана со Тајната на страдањето Господово и со нашето искупување. Ако нашиот Господ и Бог Исус Христос е Првосвештеникот на Бога Отецот, ако Он прв се принесе Самиот Себе на жртва на Отецот и заповеда тоа да се прави во Негов спомен, тогаш е очигледно дека вистински наследник Христов во служењето е исклучиво оној што во свештенослужењето го подражава Христа, и дека тој принесува целосна и совршена жртва на Бога Отецот во Црквата, единствено тогаш кога ја принесува онака како што ја принесе и Самиот Христос.
И обратно, ако не се чува строго она што ни е заповедано во поглед на духовното дејствување, тогаш целосно се урива целиот поредок на верата и вистината. Зарем некој се плаши поради пробувањето на виното при принесувањето на утрената жртва од него да нема мирис на Крвта Христова? Бидејќи токму оттаму што некои го учат братството дека треба да се срамиме од жртвената Крв Христова, тоа (братството) почнува да ги одбегнува страдањата Христови за време на гонењата. Но и Господ во Евангелието вели: "Зашто, кој се срами од Мене... и Синот Човечки ќе се срами од него " (Марко 8, 38), а и Апостолот истото тоа го проповеда и вели: "Ако бев сакал да им угодувам на лугето, немаше да бидам Христов слуга" (Гал. 1,10). Како ќе пролееме крв за Христа, кога се срамиме да пиеме од Крвта Христова? Можеби некој се соблазнува, мислејќи дека ние, иако наутро принесуваме во Чашата само вода, за време на вечерната трпеза, сепак, принесуваме Чаша полна со вино. Меѓутоа, ние за време на вечерата не можеме да го свикаме нашиот народ за да го извршиме свештенодејството на Светата Тајна во присуство на целокупното братство. Вистина е и тоа дека Господ ја принесе Чашата, исполнета со вино вечерта, а не наутро. Зарем, тогаш, не би требало и ние, да ја извршуваме Светата Тајна повечерата и да им ја предадеме Чашата исполнета со вино на оние што се должни да бидат тука при свештенодејството? Христос требаше да ја принесе жртвата при крајот на оној ден за со самото време на жртвата да го изобрази западот и вечерта на светот, како што е напишано во книгата Исход: "А тогаш општиот собор Израилев нека го заколе, во приквечерина." (2. Мој. 12, 6); и во Псалмите: "...А воздигањето на рацете мои - како жршва вечерна." (141, 2). А ние го славиме Воскресението Господово наутро. Но бидејќи при секое жртвопринесување ние чиниме спомен на страдањата Господови, затоа што жртвата што ја принесуваме е Неговото страдање, не треба да правиме ништо друго, освен она што Он го направи. Писмото вели: "Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде" (1. Кор. 11, 26). Според тоа, секогаш кога ја принесуваме Чашата во спомен на Господа и на Неговите страдања, должни сме да го правиме она што, како што знаеме, го чинеше Господ.

Погледни, најсакан Брате! Ако некој од нашите претходници, дали од незнаење или од простота, не го чуваше и не се држеше до она што Господ со Својот пример и со Своето учење заповеда да го чиниме, Господ, според Своето милосрдие, можеби и му го прости неговото незнаење. Но не може да ни биде простено нам, кои сега ја примивме поуката и советот од Господа да ја принесуваме Чашата исполнета со вино, како што и Господ ја принесе, и да им пишуваме за тоа на пријателите наши за секогаш да се зачува заповедта евангелска и преданието Господово и да не се отстапува од она што не научи самиот Господ и со збор и со дело. Да се пренебрегнува ова денес и да се остане во претходната заблуда, значи да се биде виновен пред прекорите што ги изрекува Господ во псалмот: "Зошто ги кажуваш Моите наредби и со уста го примаш Мојот завет? А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб ги фрлаш зборовите Мои? Кога ќе видеше крадец, се зближуваше со него и со прељубници се дружеше" (Псал. 50,16-18). Да се кажува законот и заветот Господов, а да не се прави она што го правеше Господ, нели е тоа, всушност, отфрлање на Неговите зборови и замразување на учењето Господово? Не значи ли тоа крадење од евангелската вистина на зборовите и делата на нашиот Господ, да се расипуваат Божјите заповеди и да се извршува насилство врз нив и, така, да се прави, ако не телесна, тогаш духовна кражба и прељуба, како што за тоа зборува Јеремија: "Што заедничко има плевата со пченица-та?.. Затоа, еве, Јас сум против пророците, вели Господ, кои ги крадат зборовите мои едеи од друг... и преку своите измами и итрини го заблудуваат Мојот народ.." (Јерем. 23, 28-32). И на друго место кај истиот Пророк читаме: "И прељуба вршеше и со камен и со дрво. Но при сето тоа пејзината вероломна сестра Јудеја не се обрна кон Мене од се срце..." (Јерем. 3, 9-10). За да не падне и врз нас вината, за таква кражба и прељуба, должни сме да пристапуваме внимателно, со страв и побожност, зашто ако сме ние свештеници Божји и Христови, тогаш не знам на кој друг би требало да му сле-дуваме, ако не на Бога и на Христа, особено поради тоа што Самиот Он во Евангелието вели: "Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот" (Јован 8, 12). Затоа, за да не одиме по темнина, треба да одиме по Христа и да ги исполнуваме Неговите заповеди, бидејќи и Самиот Он, праќајќи ги учениците на проповед, на друго место рекол: "...Ми седаде секаквавластна небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштевајќи гиво името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, иучејќигида пазатсешто сумви заповедал.. (Мат. 28,18-20). Ако сакаме да одиме во светлината Христова, да не отстапуваме од Неговите заповеди и учења, благодарејќи Му за тоа што не научи што треба да правиме во иднина и за простувањето на нашите претходни заблуди, во кои паднавме од наше незнаење. Он, по добрината Своја и љубовта, како се повеќе се ближи Второто доаѓање Негово, се повеќе и повеќе ги просветлува нашите срца со светлината на вистината. Според тоа, најсакан брате, должни сме со побожност, со страв Божји и согласно со нашето звање и пастирска должност да се придржуваме кон преданието Господово во поглед на налевањето вино и вода во Чашата Господова и во поглед на принесувањето на Чашата Господова и, според поуката Господова, да ги исправаме грешките што некои ги правеа досега, за Бог, кога ќе дојде во славата и величеството небесно, да не најде како се придржуваме кон она што ни го заповедал, како го исполнуваме она на што не научил и како го правиме она што Он Сам го правеше.
Ти посакувам, најсакан брате, секогаш да живееш во здравје.

 

 (Продолжува)

СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

Издавач: ЃАКОНИЈА

Главен и одговорен уредник

Митрополит г. Агатангел