Уште необјавено

HRISTOS.SEDRZITEL.jpg

 Поминувајќи од еден празник до друг, од палми и гранчиња, да поитаме, верни, кон возвишеното и спасоносно прославување на Христовото страдање. Да ги гледаме Неговите доброволни страдања, кои заради нас ги претрпе и со благодарност да Му запееме достојна песна: Извору на милосрдието и прибежиште на спасението, Господи, слава Ти!
Вечерна на Цветници


 Господ оди на доброволно страдање. И ние треба да одиме со Него. Тоа е долг на секој кој исповеда дека преку Христовото страдање станал она што е и дека ќе добие нешто толку големо и славно, што не може на човека ни на памет да му дојде. Како, пак, да одиме со Него? Со размислување, со сочувство. Оди со мислата по трагата на Господа Кој страда и со размислување од сè извлекувај претстави кои ќе го допрат твоето срце и ќе го воведат во чувствување на страдањата поднесени од Господа. За тоа да биде успешно, потребно е сами да почнеме да страдаме преку чувственото намалување на јадењето и сонот и преку зголемувањето на трудот со стоење на молитва и правење поклони. Исполни сè што прави светата Црква и ќе Му бидеш на Господа добар сопатник на патот на страдањата.
Свети Теофан Затворник