НЕДЕЛИТЕ ПО ВЕЛИГДЕН

Томина недела (Антипасха)

Voskresenie.Pasha3.jpg

Секој ден од велигденската недела. викана уште и Светла Седмица, се служи велигденската Литургија во сиот свој сјај. Воскресната крстна литија се повторува секој ден. Царските двери на олтарот и ѓаконските врати цело време остануваат отворени. Во саботната вечер настапува втората недела по Велигденот, посветена на споменот од Христовото јавување на апостол Тома во осмиот ден. Треба Да се каже дека бројот осум има големо значење како во еврејското така и во христијанското духовно Предание. Со бројот седум се завршува земното време. Саботата, последниот, седмиот ден од седмицата, се јавува како благословен ден на мирот и тишината во овој свет, а првиот ден на седмицата, денот по саботата. е одреден во сите Евангелија како ден на Христовото Воскресение и според тоа, како осми ден, кој лежи зад пределите на овој свет. Тој го означува животот на светот што доаѓа, ден на вечниот почин на Божјото Царство (види. Евр. 4). Така оваа недела по Велигден, наречена Втора недела, осмиот ден по пасхалната прослава, е последен ден на Светлата седмица. Затоа се нарекува Антипасха, и во првите векови само на овој ден новокрстените христијани ја симнувале од себе светлата крштална облека и повторно влегувале во земскиот живот.
Целата смисла на овој ден ни ја откриваат зборовите од Евангелието:

Потоа му рече на Тома: Пружи го својот прст овде и види ги моите раце; и пружи ја својата рака и стави ја во моите ребра, и не биди неверен туку верен ! И одговори Тома и рече: Господ мој и Бог мој!
Му рече Исус: Бидејќи ме виде поверува; блажени се оние кои не видоа, а поверуваа (Јн. 20, 27-29).

Ние не сме го виделе Господа со свои очи и не сме го почувствувале Неговото воскреснато Тело со својот допир, но затоа во Светиот Дух ние сме го виделе, почувствувале и сме го пробале Словото на Животот, и на таков начин, ние веруваме.
Секој ден, до денот на Господовото Вознесение, ние го пееме велигденскиот тропар. На секоја од неделните служби, почнувајќи од Антипасха, ние го пееме велигденскиот канон и го повторуваме празнувањето на првиот ден од неделата. На сите Литургии апостолските читања се земаат од Книгата на Делата, кои ни раскажуваат за првите христијани кои живееле во општење со воскреснатиот Господ; а сите евангелски читања се земаат од Евангелието на Јован, за кое се смета дека во прв ред е напишано за новокрстените, затоа што во сите знаци Господови (како што ги нарекува Евангелистот Неговите чуда), се користат материи кои, исто така, влегуваат и во извршувањето на тајните: лебот, виното и водата. Затоа секоја недела по Томината (освен третата) е посветена кон споменување на еден од овие знаци.

Жени мироносици

zeni.mironosici.Markov.jpgТретата недела по Велигден е посветена на жените мироносици што дојдоа да го измијат телото на Спасителот по Неговата смрт и кои постанаа први сведоци на Неговото Воскресение. Се пеат, уште еднаш, трите тропари од Великиот петок и од нив се дава содржината на овој ден:
Благообразниот  Јосиф, откако го симна од дрвото  пресветото Твое Тело, го обви во чиста плаштаница, и откако го помаза со мириси, во нов гроб го положи.
Кога слезе во смртта, Животе бесмртен, тогаш го умртви адот со блескавоста на Божеството.
На жените мироносици кај гробот им се појави ангел и гласно им рече: миро му приличи на умрените, а пропадливоста на Христа му е туѓа. Туку воскликните: Воскресна Господ и му дарува на светот голема милост.

 

Voskresenie.Pasha3.jpg

Исцелување на раслабениот

Четвртата недела е посветена на исцелувањето на раслабениот со Христова помош (Јн. 5). Тој многу години залудно очекувал некој да му помогне да го спушти во лековитиот базен со вода. Како и тој, и ние, исто така, оздравуваме и преку крштавањето во Црквата добиваме од Христа спасение во вечниот живот. И кон нас како кон раслабениот, се упатени Неговите зборови: Немој повеќе да грешиш, за да не ти се случи нешто полошо (Јн. 5,14).

  Друго:

 
Св.Теофан Затворник:Томина недела

                                 Таинствена милост

 

 

“И така кога даваш милостиња, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. А ти, кога даваш милостиња, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостиња тајна, и тогаш твојот Небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“. (Матеј 6, 2-4)   

 

Дарот на милоста, колку прекрасен и насолзлив во моментот во кој се случува, толку лавиринтно испреплетен анализирајќи ги чувствата и на дарителот и на примателот, а најповеќе со неговото судбинско влијание врз нивната незапечатена иднина. Ќе биде даден во висина на две лепти или повеќе, ќе следи на срамно подадена рака или маска од тажачки успешно подготвени да омекнуваат срца, ќе исполне еден миг и хронично празен стомак или ќе биде заработка за денот денешен до утре, на истото место со истите фрази. Физичкиот облик на дарот ќе се промени, преработи, исфрли, конвертира, одземе, изгуби ... некогаш може да се спомене, но и заборави. Но, поради тоа што минливото никогаш не ни било приоритет, да продолжиме да се храниме со ангелските карактеристики на дарувањето ...

Кога даваме милостиња, таа да не се разгласува како што прават лицемерите за да бидат пофалени од луѓето. Современите услови на живеење овозможија медиумите да проследат се, па дури и милоста, иако чин на срцето. Една слика, а повеќе од илјада зборови за жртвата на дарителот, неговата добрина во овој суров свет и уште една тема за воодушевување во темните кулоари. Ми недостига ли хуманост во мојот профил за да се завртам назад и уверам дека некој го гледа актот на дарување? Зошто ми е потребна потврдноста во погледот на публиката за да се почувствувам малку почовечки наспроти самиот јас во деновите кога сум негоден и за самиот себе, а камо ли кон другите? Што има толку силно во аплаузот на крајот, кое е премногу површно и евтино за да и даде крилја на душава за нејзиниот пат кон горе? Веројатно пофалбата како меур од сапуница ги исполнува алвеолите кои требаше да ни бидат светлосни точки и ги набубрува како заболена лимфна жлезда за да бидат уште една отскочна штица на суетата и навиката да се лета.

Но, тие веќе ја добиле својата награда. Награда им е нивниот вишок кој одлучиле да го даруваат на толку помпезен начин. Награда им е пиедесталот од кој дарувале, биле видени и крунисни со воздишките на многумина. Награда им се и озборувањата кои ја ткаат славата, апсолутно незаинтересирано дека создадале само бледа сенка на оргиналот од небесата.

Милостињата е тајна. Носи свој превез со завеса од молба од очите на примателот да не биде призната неговата немоќ и да биде заборавен неговиот срам. Има своја соба за плачење, осамено место за возрасни кои не наидоа на разбирање во светот и се задржаа во неа за да ја акумулираат топлината на дарувањето. Има своја гора за исповед, високо место каде разговорот со Бога е надежен и води кон простување на многу гревови избришани со гласот на душата која допрела своја сострадалничка. Ја дава десната рака и не кажува ништо никому. Се оградила од левата која не припаѓа во триаголникот: таа – Бог – туѓата отворена, а може и да дошепне нешто штио разумот ќе го возгордее и ќе ја уништи радоста што претстои. Ја дава и го напушта местото не објаснувајќи си ни себе си нешто што како монолог може да значи скала повисоко од збунетиот фарисеј. Само рака е, но знае да чува тајна, посебно ако молкот го загнездува срцето во нежна обвивка со симптоми на спокој и онака хипнотички сите органи ги повикува на обоена рапсодија. Во тој стремеж никој не ни помислува на награда. Но, Отецот Кој гледа тајно, ќе не награди јавно. Ќе бидеме запишани во Книгата на животот, ќе пееме во првиот ред на ангелите, ќе се наситиме со правда и милост, ќе го гледаме Бога, ќе се наречеме синови Божји ... И кој би посакал поинаква награда ...

 

Св. Теофан Затворник (Недела од Светла седмица-Недела на Антипасха)

Stefan.Petkovden.jpg

Томина недела

Мојот Господ и мојот Бог, извика светиот апостол Тома. Дали чувствувате со каква сила , тој се фати за Господа, и колку силно го држи? Ниту давеникот не се држи поцврсто за даската, која му дава некаква надеж за спас од давење. Можеме да кажеме дека се уште не верува онака како би требало оној кој не се однесува така кон Господ. Велиме: "Господ Спасител", мислејќи при тоа дека Тој е Спасителот на сите, а апостолот вели: "Мојот Господ Спасител." Оној кој вели: "Мојот Спасител", го чувствува своето спасение, кое истекува од Него. Чувството на спасението е сразмерно и на чувството на пропаста од која Спасителот го извлече спасениот. Чувството на погибел кај човекот кој по природа го сака животот, а кој знае дека самиот себе си не може да се спаси, присилува на барање на Спасителот. И кога ќе го најде и ја почувствува силата на спасението кое од Него излегува, тој се фаќа цврсто за Него и не сака да се одвои, дури заради тоа да го лишат и од животот. . Настани од ваков вид во духовниот живот на Христијанинот не само да се замислуваат со ум, туку се случуваат во дело. Како верата , така и соединувањето со Христа, кај нив станува силно како животот и смртта. Само таквите искрено извикуваат : "Кој ќе ме раздели..."!


 

bogorodica.k.dol.jpg

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА