Aco.Priziv7.jpg


Свештеник: Благословен е нашиот Бог, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Царју небесниј (Царе небесен - се пее), Трисвето, Оче наш...

Свештеник: Зашто Твое е Царството на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови. Амин.

Дојдете да се поклониме... и пс. 33 (Ќе Го благословувам Господа во секое време:).

Ѓакон: Во мир да се помолиме на Господа.
• За небесен мир и за спасение на нашите души, да се помолиме на Господа.
• За мир во целиот свет, за благослостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се помолиме на Господа.
• За блажењејшиот архиепископ наш Стефан, за чесното свештенство, во Христа ѓаконство, за сиот клир и за сите луѓе, да се помолиме на Господа.
• За благочестивиот и Христољубив православен народ наш, за сето воинство, да се помолиме на Господа.
• За да им Го испрати на овие ученици духот на премудроста и разумот, и да им ги отвори умот и устите, и да ги просветли срцата нивни за да го примат полезното учење, да се помолиме на Господа.
• За да го всади во срцата нивни почетокот на премудроста, Својот божествен страв, и со тоа да ја истера од срцата нивни младешката лудост, и да го просветли нивниот ум, за да се клонат од злото и да прават добро, да се помолиме на Господа.
• За да им го отвори нивниот ум, да ги примат и разберат, и да ги помнат сите душеполезни учења, да се помолиме на Господа.
• За да им даде премудрост која се наоѓа покрај Неговиот престол, и да ја всади во нивните срца, за да ги научи што е богоугодно пред Него, да се помолиме на Господа.
• За да преуспеваат во премудроста и растот во слава Божја, да се помолиме на Господа.
• За да им биде нивниот живот исполнет со добродетели, и да се запазат во православната вера, за радост и утеха на нивните родители, и на православната Црква бранители, да се помолиме на Господа.
• Боже, заштити не, спаси, помилуј и запази не со Твојата благодат.
• Спомнувајќи ја пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица, и секогаш Дева Марија, со сите светии, самите себе, еден друг, и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Свештеник: Зашто Тебе Ти прилега секаква слава, чест и поклонение, на Отца, и Сина, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови.
Хор: Амин.
Бог Господ ни се јави, благословен е кој иде во името Господово.

Тропари, глас 6:
Како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им мир, Спасителе, дојди и при нас, и спаси не.
Светиот Дух Твој, Христе Боже, неграмотните ученици ги направи учители, и, со нивната красноречива проповед, ја уништи прелеста на јазичниците, како Сесилен.

Слава, глас 8:
Благословен си, Христе Боже наш, Кој (рибарите) ги направи премудри ловци, кога им Го испрати Светиот Дух, и со нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.
И сега, глас 6:
Застапништво на христијаните непосрамно, посредништво пред Творецот неизменливо, не презирај ги молитвените гласови на грешниците, но побрзај како добра да ни помогнеш нам, кои верно ти викаме: Богородице, постојана заштитничке, побрзај и дојди им на помош, во молитвата и молењето, на оние што те почитуваат.

Ѓакон: Да внимаваме.

Свештеник: Мир на сите.

Чтец: И на твојот дух.

Ѓакон: Премудрост!

Чтец: Прокимен, глас 4:
Од устите на младенците и на доенчињата си направил похвала. Стих: ќе се зарадува срцето мое заради Твоето спасение.

Апостол до Ефесјаните, зачало 218 и 223: Види Апостол за "Призив на Светиот Дух", стр. 282.

Евангелие: Според Марко, зачало 44:
Во она време донесуваа при Исуса деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа.
Кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: оставете ги децата да -приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на таквите е Царството Божјо.
Вистина ви велам: кој не го прими Царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.
И кога ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
Слава Ти, Господи, слава Ти
!

Ѓакон: Помилуј не, Боже според Твојата голема милост, Ти се молиме чуј не и помилуј не.
Уште се молиме, Господ нашиот Бог да погледне милостиво на овие слуги, и да испрати во нивните срца, во умот и во устите нивни дух на премудрост, дух на разум и набожност, и дух на страв Божји, и да ги просветли со светлината на Своето богопознание, и да им даде сила и крепкост, брзо да го примат и итно да го научат божествениот закон и сето добро и полезно учење; да преуспеваат во премудроста и разумот и во сите добри дела, во слава на Твоето пресвето име; и да им дарува здравје, и долг живот за градење и слава на Црквата Твоја, да речеме сите: Господи, услиши не, и милостиво помилувај не.
Свештеник: Услиши не, Боже, Спасителе наш, надеж на сите краишта на земјата, на оние што се далеку по морињата, и милостив, милост биди, Владико, кон нашите гревови, и помилуј не, зашто си милостив и човекољубец Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.
Ѓакон: Да се помолиме на Господа!
Хор: Господи помилуј.
Свештеникот ја чита оваа молитва велегласно:
Господи Боже и наш Создателу, Кој нас луѓето не обдари со Твојот образ, и ги научи Твоите избраници како со внимание да му се восхитуваат на Твоето учење; Кој на младенците им ја откри премудроста, и Кој го научи Соломона и сите оние што ја бараат Твојата Премудрост: "отвори им ги срцата, умовите и устите на овие твои слуги за да ја примат силата на Твојот закон, и со успех да го научат она што им се предава, за слава на Твоето пресвето име, за полза и градење на Твојата света Црква, и да ја разберат добрата и совршена волја Твоја. Избави ги од секаков непријателски напад, сочувај ги во православната вера, и во секое благочестие и чистота во сите денови од нивниот живот; да успеат во разбирањето и исполнувањето на Твоите заповеди и, така подготвени, да го прослават Твоето пресвето име и да бидат наследници на Твоето Царство. Зашто Ти си Бог, силен во милоста и добар во крепоста, и Тебе Ти прилега секаква слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
И обичен отпуст.

Aco.Priziv6.jpg

Aco.Priziv5.jpg

{moshits}