krstevka     

                    Истражувањата, спроведени во лабораторијата на медицинскобиолошките технологии за индустриска и морска медицина, при Институтот за научни истражувања ИНИ од Санкт Петерсбург, станаа вистинска сензација – пишува Рускиот дневеник „Живот “.
Научниците експериментално докажале дека Крсниот Знак ги убива микробите и ги менува оптичките особини на водата.
„Потврдивме дека древниот обичај, храната и пијалокот да се крстат пред јадење, има длабока мистична смисла” – вели физичарката Ангелина Малаховска.
               “Зад тоа се крие практична корист: храната се очистува буквално во миг. Тоа е големо чудо што се случува буквално секој ден”.
Своите истражувања за силата на Крсниот Знак, Ангелина Малаховска ги проведувала речиси 10 години. Изведена е обемна серија експерименти, коишто се повеке пати проверувани, пред да се објават нивните резултати.
Резултатите се феноменални. Откриени се единствени бактериолошки својства кои водата ги поседува по осветувањето co молитва и co Крсниот Знак.
               Откриено е ново, претходно непознато, својство на Божјото Слово да ја преобразува структурата на водата, значајно зголемувајќи ја нејзината оптичка густина во питомата (кротката), ултравиолетова област од спектарот.
За Ангелина Малаховска и за нејзините колеги, самата можност да се спроведат тие истражувања, е чудо. Истражувањата не биле финансирани, ниту претставувале предмет на истражување на Институтот.
Најголемиот дел од работата, научниците го направиле бесплатно, само за да им овозможат на лугето да ја почувствуваат и да ја согледаат исцелителната Божја сила.
                 Научниците го провериле дејството на молитвата „Оче наш” и на Крсниот Знак врз патогените бактерии.
За да се изведат истражувањата, земени се примероци вода од разни места: бунари, реки, езера.
Сите примероци содржеле златна стафилокока и уште еден вид од постојано присутна бактерија.
Се покажало дека, по читањето на молитвата „Оче наш” и осенувањето на примерокот co Крсниот Знак, таа количина од штетни бактерии се намалувала за 7, за 10, за 100, па дури и за 1000 пати!
Според условот на експериментот, за да се исклучи влијанието од можно мисловно насочување, молитвата ja читале и оние што веруваат и оние што не веруваат во Бога.
               Без разлика на тоа кој ја читал молитвата, бројот на патогените бактерии, во разни средини и co различни видови бактерии, се намалувал, во споредба co контролните вредности.
Исто така, воочливо е и благотворното влијание на молитвата и Крсниот Знак врз човекот. Кај сите испитаници се стабилизирал крвниот притисок и се подобриле резултатите од анализата на крвта.
Восхитувачки е фактот што показателите се менувале во точно потребниот правец за исцелување. Крвниот притисок кај хипотониците се зголемувал, а кај хипертониците се намалувал.
                 Исто така, е забележано и дека, доколку човекот невнимателно се осенувал co Крсниот Знак, co невнимателно соединување на трите прсти или co недопирање на вистинските точки од телото (средината на челото, централниот дел над желудникот – solar plexus, како и вдлабнатините на десното и левото рамо), позитивниот резултат на дејството бил многу понизок или воопшто го немало.
Научниците ја измериле оптичката густина на водата, при што се покажало дека оптичката густина, во споредба co нејзината нормална вредност, се зголемила, по нејзиното осенување co Крсниот Знак и осветувањето – објаснува, Ангелина Малаховска.
Тоа значи дека водата се однесува како да ја „РАЗЛИКУВА” смислата на изговорените молитви над неа, дека го „памети” тоа влијание и го чува одредено време, што е забележливо од зголемената оптичка густина.
              Водата како да се „напојува” co светлина. Природно, човековото око не може да ги забележи тие исцелителни промени на структурата на водата, но затоа спектографот дава објективна оценка на таа појава.
Крсниот Знак ја менува оптичката густина на водата, практично, во миг. Осветена, co осенување co Крсниот Знак од страна на обичен верник, оптичката густина на водата се зголемува речиси за 1,5 пати (!), а кога осенувањето ќе го направи свештеник, оптичката густина на водата се зголемува речиси за 2,5 пати!
              Според тоа, се заклучува дека водата го „разликува” и степенот на осветување од страна на мирјанин или свештеник, чии прсти на десната рака се соединети заради благослов, така што ги изобразуваат првите букви од Христовото име.
Интересен е и резултатот на осветување на водата од страна на крстен човек, кој не верува во Бога. Се покажало дека водата го „разликува” дури и степенот на верата, зошто, во такви случаи, нејзината густина се изменила само за 10 проценти.
Навистина: „според верата ваша – нека ви биде”!


                Бидејќи човечкиот организам содржи нешто повеќе од две третини вода, тоа значи дека при создавањето Бог во нас вградил таков систем од физички канали, кој ги регулира сите биохемиски процеси во организмот и кој јасно го „препознава” името на Исус Христос.
                Може да се каже дека Крсниот Знак е генератор на светлината. Оптичката густина на водата не се променила, односно не се зголемила при ниту една друга положба на прстите од раката (дланката) или при невнимателно соединување на прстите, ниту пак при брзо мавтање на раката, без стравопочит.

фб Православие.мк