TVIT1041

                     Иако често овие два типа се помешуваат или погрешно се толкуваат, да бидете многу чувствителни или пречувствителни се две многу различни работи.


Пречувствителноста е истоимена со емоционалната кршливост и сентименталноста.


                         Да бидете многу чувствителни е биолошка склоност која го отежнува препознавањето на конкретните чувства.
Еден пример за пречувствителен човек би можел да биде некој ваш колега на работа кој погрешно протолкувал некоја ваша гестикулација. Освен тоа што ќе се налути и ќе „експлодира“ среде канцеларија, уште и ќе ве обвини кај вашиот претпоставен.
Кога се работи за една многу чувствителна личност, добар пример би можел да биде тоа, кога ќе се случи нешто негативно, тој се вознемирува повеќе за реакциите на другите.

Биологија и емоции

Како што кажав погоре, да бидете многу чувствителен е биолошка предиспозиција. Тоа значи дека се поврзува малку со самите емоции. Како многу други биолошки фактори, големата чувствителност е комплексна и во голем степен зависи од околината.
Може да бидете многу чувствителни, но не пречувствителни. Ако сте многу чувствителни, може да е многу тешко да ви ги повредат чувствата, доколку имате емоционални вештини. Факт е дека многумина од многу чувствителните луѓе можат да сфатат дали емоционалната состојба на друга личност е вистинска.
Тоа им дава инструмент за да ги повредат другите ако посакаат, но тоа не значи дека е лесно да ги повредите или да ги манипулирате емоционално. Ако напреднале во позитивните емоционални способности, може да бидат голема поддршка за семејството и за нивните пријатели.
Пречувствителните луѓе се обично такви поради (лоши) искуства и детството. Ако не добиле емоционална поддршка за да ги направи силни и да им даде способности да се соочат со светот, ќе завршат со тоа што ќе бидат под влијание на тоа што го мислат другите за нив.

Карактеристики на пречувствителните луѓе:

Несигурни се бидејќи не знаат како да направат разлика меѓу оној кој ги напаѓа, од оној кој им прави некоја забелешка, без да сака да ги осуди.
Немаат научено како да ги контролираат своите емоции. Тоа ти тера да молчат во однос на нивните емоции. Значи, додека да стасаат до една точка кога не можат да издржат повеќе и да експлодираат.
Користат негативни средства, како емоционално заплашување и агресивност додека зборувате. Тоа го прават за да ги чувствувате дека се над вас.
Многу се чувствителни кон она што го велат и прават другите.
Имаат негативни искуства во текот на детството и пубертетот кои сѐ уште не ги имаат надминато. Тука спаѓаат разводот на нивните родители, презаштитеноста, исплашеноста па дури и семејното насилство.

Карактеристики на многу чувствителните луѓе:

Имаат сочувство. Иако тоа може да се чини добро, може да им предизвика конфузија. Конфузијата започнува тогаш кога немаат добро и силно воспитание на емоциите.
Можат емоционално да се одвојат од другите луѓе. Тоа најчесто се случува кога немаат научено да учествуваат во она што се случува околу нив. Сѐ ги истоштува.
Тие се многу интуитивни. Од луѓе до животни и вооружување, може да разберат сѐ со голема леснотија.
Претпочитаат индивидуални дејности за подобро да се фокусираат на нивните цели. Работењето со други луѓе може да им причинува стрес, ако немаат научено да ја контролираат големата емотивност.
Имаат голема способност за забележување. Ако имате некој пријател кој е многу чувствителен, сигурно тој е првиот што ќе ја забележи било која промена. Било тоа да е во декорирањето, било да е во расположението, било во вашиот изглед, еден многу чувствителен човек веднаш ќе ја забележи промената.

Што има заедничко меѓу нив?

Она што е заедничко меѓу нив е тоа што може да научат да бидат посилни.
Да памтите дека ако не можете да ја измените генетиката, можете барем да научите разни способности кои ќе ви помогнат да се подобрите како личност. Ако пречувствителните луѓе обично имаат проблем да разликуваат тонови и емоции, имаат голема способност да ги разберат импулсите кои поминуваат незабележливо кај другите.
Она што може да помогне е едноставно да ги известите луѓето за пречувствителните и многу чувствителните луѓе. Со тоа, ќе научат да ги разберат. Ако тоа не функционира, и психитерапијата е едно решение. Преку терапијата, може да бидат стекнати одредени однесувања кои се потребни во меѓусебните односи.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
https://filosofieszois.gr/

https://crkvaveles.wordpress.com/2023/11/25/%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83-%d0%bc%d0%bd%d0%be%d0%b3%d1%83-%d1%87%d1%83%d0%b2%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%b8-%d0%bf/

12.01.2024