Arsenij.Boka.chudo

,, Човекот, кој може да прави добро и не го прави тоа - е ништожно суштество.
Без милостиња, самата молитва е бесплодна. Со каква надеж ќе Му се молиш на БОГА, кога не ги слушаш прозбите на бедните луѓе?
Како ќе просиш со верните во храмот: ,,Подај ГОСПОДИ", кога самиот не им даваш на бедните, иако можеш да им помогнеш?
Со каква уста ќе кажеш: ,,Услиши ме ГОСПОДИ", кога самиот не го слушаш бедниот, а поточно - ХРИСТОС, Кој те повикува преку бедниот?
Како што се однесуваме кон ближниот, така и ХРИСТОС Ќе се однесува кон нас.
Го презре ли бедниот? И БОГ ќе те презре тебе.
Не му отвори на оној што тропа? И тебе нема да ти се отворат вратите на ЦАРСТВОТО БОЖЈО.
Не ги слушаше воздишките на оној што се мачи? Нема да биде услишан ни плачот на молитвата твоја".
И така, отпрвин молитвата не укрепува за правење добро, а доброто - е сладок плод на молитвата.
Е тоа е Вистинско ПРАВОСЛАВИЕ, жртвувајќи го сето свое време, пари и сили заради ХРИСТОС, додека не започнеш да Го Љубиш толку силно, што ќе бидеш спремен и животот да го дадеш за Него!
А НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ПОГОЛЕМА ЉУБОВ, ОД ТАА, ЖИВОТОТ ДА ГО ПОЛОЖИ ЗА ХРИСТОС (Јн. 15,13)


отец Арсениј Бока

 


Pravoslavie.Mk