ДА КОЛЕНИЧИМЕ ПРЕД НЕГО

TVIT457

              Кога последен пат сте клекнале пред Господа? Велиш дека имаш работа, одиш на предавања, се грижиш за семејството и не успеваш. Го знам сето тоа, но ти сепак често зборуваш за Него во твоето друштво, со твоите пријатели и познаници. Но, колку често разговараш со Него?
Ја изоставивме молитвата и затоа сме исполнети со помисли. Лесно паѓаме во гревови, лесно се предаваме на страстите. Затоа што не му го предаваме срцето и умот на Господа. Се спротивставуваме со нашиот инает.
Да клекнеме пред Него. Да ја земеме благословената бројаница и да ја започнеме молитвата. Ние зборуваме за Него, но не зборуваме со Него. Но, за да зборуваме за Него, пред се треба да зборуваме со Него. Душата на оној што се предава на молитвата се радува. Во принцип, молитвеникот се движи на поинаков начин во животот. Соочете се со работите поинаку, со повеќе храброст, со повеќе верба. Сè се истрпува. Дури и најстрашното искушение и најдлабоката болка.

TVIT449


              Оди си во својата соба. Затвори ја вратата. Клекни, велејќи: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот“. Ќе видиш дека во тебе ќе се разбуди умилението. Едно движење полно со светлина, надеж и мир ќе го уништи очајанието, унинието, безнадежноста.
              Низ што и да поминуваш во животот, колку и да е тешко, колку и да ти предизвикува болка и тага, колку и да си уморен, не ја напуштај молитвата. Во молитвата ќе најдеш утеха, мир, радост и одмор. Затоа што во молитвата ќе се сретнеш со Христос, кој ќе те смири.
Барај го Христа во твојот живот и Тој ќе дојде. Зборувај со Него и Тој ќе те слушне. Многупати го забораваме и мислиме дека Тој не заборавил нас. Но, Тој секогаш нè чека. Тој ја почитува нашата слобода. Тој очекува да го отвориме нашето срце за да влезе, тој очекува да го отвориме нашиот ум за да не просветли.
Христос чека еден поглед од нас, барем еден призив кон Неговото име, за да се втурне. Да не го оставиме да чека.


***
Да ги разберам и да им проштевам на другите како што Бог ме разбира и ми простува мене. Да успевам понекогаш да ги прифатам другите како што Бог ме прифаќа мене. Да молчам за грешките на другите како што Господ молчи за моите. Да успевам некогаш се смирувам како што Бог се понизи за мене. Да успевам да ги љубам другите како што Бог ме љуби мене. Да го сакам Бог како што Бог ме сака мене. Нека живеам како што сака Бог…

 TVIT450

***
Ајде да одлучиме како сакаме да го поминеме остатокот од животот: во нашата удобност, во нашето незнаење, кое го има за родител нашето непокајание? Или во Вистина и покајание, прифаќајќи го во сè учењето на Православната Црква?
Наше право е да живееме како што сакаме. Но, да бидеме подготвени да ги прифатиме резултатите од овој наш избор, кој нема да биде привремен, само во овој живот, туку ќе биде вечен.


***

 TVIT452


           Не вели „Јас сум непотребен“ бидејќи тоа не е смирение. Поентата е да разбереш дека имаш вредност, не затоа што си ја придобил автономно, туку затоа што Бог те благословил за тоа. „Кое добро и да го имам, Бог ми го даде“, така велиш. Смирениот човек пред се е благодарен на Бога, но и на другите.

 

Автор - архим. Павел Пападопулос
Извор - bogonosci.bg
Подготвил - Симеон Стефковски

 4ти мај 2023 лето Господово