„Случајно, дали сте чуле дека секое зло, па и најмалото носи смрт, а лекот за смртта е воскресението. И по 2000 и кусур години од фактот на Христовото Воскресение ние сеуште сме заложници на лажниот фарисејски морализам и на идолатрискиот садукејски буквализам според книгите и повторно во еден безбожнички свет во кој од секоја ситница правиме идол, а осудуваме други зборувајќи за православие.“
„И како што вели светиот апостол Павле: "и ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние (епископот или духовниот отец), нека биде анатема"!
Нашето свето Православие го ставивме во граници од поими и дефиниции и го омеѓивме со нации оттуѓувајќи се еден од друг како што лично го правиме тоа од Бога, а тоа како наша вера е радоста и убавината во Христа Воскреснатиот... Пресвета Богородица и сите светии...откриена и во ближниот свој.“
о.Горан Стојчевски
"...Здравата православна еклсиологија е онаа во која, монахот и мирјанинот, кои се борат против злото, го водат кон вкусувањето, кон претвкусувањето на царството Божјо во светата Евхаристија, кон искуството на светлината, кон она искуство каде заедницата на луѓето го изобразува светот на идното материјално создание што ја надминува распадливоста. Ова се одразува и на духовниот живот,и на организираноста на Црквата, и на светите Тајни..." - Митр. Ј. Зизиулас