Споменот на цар Давид

Овој цар е прекрасен пример како дури и една света душа може да падне во грев и ни дава прекрасна поука да не се возгордејуваме. Тој ни дава и пример дека после падот, единствен начин да се вратиме при Бога е покајанието. Голем дел од покајните псалми се напишани од него. Откако неправедно ја зел Уриевата жена за себе, а Урија намерно го пратил на бојно поле за да загине, цар Давид си дојде при себе и со покајнички солзи, во пепел и кострет, го состави еден од најубавите псалми што го читаме на секоја утрена после евангелието:

Psalmi


ПСАЛМ 50
Покајничка молитва

Psalmi1


1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја
добрина избриши ги беззаконијата мои.
2 Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,
3 зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене.
4 Против Тебе, само против Тебе згрешив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш.
5 Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми.
6 Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја.
7 Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег.
8 Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби.
9 Одврати го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.
10 Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.
11 Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.
12 Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене.
13 Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, и грешниците
кон Тебе ќе се обраќаат.
14 Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже на моето спасение, и јазикот
мој ќе пее за Твоето избавување!
15 Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;
16 зашто, жртви не ти се мили, кога би ти принел сепаленици, Ти не би ги примил.
17 Жртвата пред Бога е срушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.
18 Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, обнови ги
ѕидовите ерусалимски.
19 Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите
сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

 Psalmi2

Друго:

 Psalmi4

Откриен древен град на цар Давид

ПОКАЈНИ МОЛИТВИ 01 - ПСАЛМ 50 - YouTube