Hristos.drvoto.od.Krstot3

ЗА ДРВОТО ОД КОЕ Е НАПРАВЕН ЧЕСНИОТ КРСТ ГОСПОДОВ

Hristos.drvoto.od.Krstot1


Дека ништо не е случајно и дека Божјата промисла е во се` ни говори следниот библиски настан.
Приказната за дрвото започнува уште од времето на праотецот Авраам и праведниот Лот. Подоцна, на местото каде израснало тоа дрво е изграден манастир. Таму во пештера се криел праведен Лот со неговите две керќи откако избегал од Содом.
Се' започнало кога Бог во лик на три Ангели го посетил Авраам,а потоа го посетил и праведен Лот кој живеел со семејството во Содом и го предупредил да бега од градот и да не се врти назад да гледа, зашто ќе го уништи поради развратот во кој живееле жителите на Содом и Гомор.
 Тргнал Лот да бега со жената и ќерките и почналo врз Содом и Гомор да паѓа сулфур и оган од небото,но иако Бог им рекол да не се завртат и да го гледаат уништувањето на градот, жена му на праведен Лот не го извршила послушанието, се завртела и затоа се скаменила.
Живеел Лот сам со керќите, но нечисти мисли ги нападнале младите девојќи дека ќе останат сами во пустината без пород , намислиле и го опиле со вино таткото и извршиле родосквернавење.
Не знаејќи, Лот паднал во тежок грев и совеста го измачувала. Отишол и се` му раскажал на неговиот роднина, праотецот Авраам, и побарал совет како Бог да му го опрости тој грев.

Hristos.drvoto.od.Krstot


 Авраам тогаш му дал три суви дрва кои при посетата на Бог во лик на три ангели ги оставил на одење, а Сара, жената Аврамоова, сакала да ги фрли во оган, но тие не гореле. И му рекол Авраам на Лот да ги посади и да ги полева секој ден со вода од реката Јордан и ако израснат и процветаат значи дека Бог му простил.
Лот ги посадил и секој ден одел до Јордан да донесе вода за полевање, иако било далеку, тој неуморно одел. На секое враќање го пресретнувал ѓаволот преправен како сиромашен човек или стара жена и барал вода, Лот се сожалувал и му давал од водата, а тој не малку, туку целата ја испивал. Тогаш Лот се растажувал, бидејќи само еднаш успеал да го полее дрвото. Но му се јавил ангел Господов и го утешил велејќи му: ,,На Бога му е мило што си милостив и се сожалуваш на сиромашни и стари и им даваш од водата, затоа дрвцата ќе се развијат и не само што ти ќе се спасиш, туку од тоа дрво ќе се спасат многу луѓе.
Дрвцата се развиле, израснале и се споиле во едно стебло и прераснало во еден нов, непознат вид. Едно стеблото, а гранките на три различни дрвја : бор , кедар и чемпрес.
 Подоцна дрвото било пресечено кога се градел Соломоновиот храм, за да се употреби во изградбата, но, таму по Божја промисла, тоа дрво не се уклопило во ниедна мера, со што и да пробале не се сечело никако, го нарекле клето дрво и им служело како клупа на работниците и не било употребено во изградбата.
Кога се исполнило времето, од тоа дрво, кое го сметале за клето дрво е направен Животворниот Крст на кој бил распнат Господ Исус Христос.

Hristos.drvoto.od.Krstot2

 Hristos.drvoto.od.Krstot4

Православие.Мк †