3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Внимание, момчиња и девојчиња - невиноста не е исто што и наивноста
Кејлин Кослоски

    Го пишувам ова за сите девојки и момчиња кои не се во врска, или кои можеби ретко биле во врска (или никогаш): сакам да обрнете внимание на три поими, да се научите што значат и да научите да ги разликувате.
    1. невиност:" состојба на слобода од гревот; отсуство на лукавост и исквареност; морална чистота".
    2. чистота: состојба на слобода од сé што понижува, валка или расипува"
    
    3. наивност:" недостаток или имање помалку расудување и информираност; простодушност, едноставност, лековерност."

    Веројатно често се чувствувате дека сте "наивни" поради тоа што не сте имале многу врски во животот. Тоа е поради тоа што овие три зборови често се мешаат во денешното општество. Денес луѓето мислат дека ако си "искусен" кога станува збор за врските и забавувањето, значи дека со самото тоа си и "позрел", а ако немаш искуство со врските, значи дека и понатаму си незрел, наивен па дури и дека имаш помалку шанси да ја пронајдеш љубовта во животот. Меѓутоа, запомнете го ова - можеби вие навистина сте  неискусни но, не сте наивни ниту незрели.
    Во средното училиште немав ниту едно момче. Никогаш не сретнав некој со кој би посакала да бидам. Не ме интресираа "типчните средношколски врски" за кои постојано се зборуваше во ходниците и на одморите. Јас на забавувањето  гледав како на прилика да одредам дали таа особа ми одговора за брак - што значи дека врската мора да заврши или со раскид или со венчавка. Затоа, доколку видев дека тоа дефинитивно не е некој со кој би посакала да имам нешто повеќе, не сакав да губам време на врска која и онака ќе заврши со раскид.
    Ваквиот начин на размислување е воглавном помалку застапено кај моите врсници. Поголемиот дел на млади луѓе сака " провод", гледа на врските како на " прaкса" и "вежбање", влегува во врски "заради искуство" и" би направиле се само да имаат момче/девојка". Воопшто не треба да не чуди, што тоа е став на повеќемината.  А како и да не биде: погледнете која било реклама, емисија на ТВ, филм, песна, разговор на група девојки на одмор... Ќе видите дека сé се врти околу некои врски или романси. Нас буквално нé условуваат да мислиме дека е сосема природно да одиме од една врска до друга, и со самото тоа дека е неприродно да не го чиниме тоа.

    Додека седиш и слушаш како другарките зборуваат за драмите во своите врски, почнуваш да се прашуваш дали некогаш ќе дојде и редот до тебе.

    Кога дојдов на колеџ и кога се расчу дека никогаш не сум имала момче, ниту некогаш сум се бакнала (молк!), сите ме гледаа како да имам две глави! А тоа не е баш посакуван развој на настаните кога се трудиш да се вклопиш во новото друштво во новото школо. Во дненшниот свет во кој владее културата на необврзно забавување,  се смета за животен успех ако за тебе кажат дека "најубаво се бакнуваш" и слично  - како да ќе имаш повеќе шанси да пронајдеш љубов ако си се подговтувала или ако си поискусна. Ако е тоа точно, тогаш мене дефинитивно лошо ми се пишува. Во тој момент дури малку и се посрамив од своето неискуство и се уплашив од помислата дека, кога еден ден ќе сретнам некого кој ми се допаѓа, тој само ќе се насмее и ќе ми го сврти грбот. ( Што вооптшо не се случи, чисто да знаете).

    Ако се пронаоѓате во оваа приказна, и ако некогаш сте се почувствувале помалку вредно, изоставено или уплашено поради тоа што не сте во врска, сакам со вас да го поделам она, што Господ ме научи кога најнакрај Му се обратив со молитва. Он го понесе теретот од моите плеќи и ме потсети на зборовите кои ги бев заборавила: Никогаш не си сама. Никогаш не си заборавена. Создадена си за љубов многу поголема од она со која овој свет се задоволува.

    Немојте себеси да се понижувате мислејќи дека сте сами затоа што не заслужувате да бидете со некој. Сфатив дека би можела  - кога би го посакала тоа -" да се наштимам", да отидам на журка и да пронајдам тип со кој ќе се забавувам. Но, тоа не е љубов, а јас знам дека не сакам ништо помалку од љубов. Тоа момче би ме искористило да ги задоволи своите потреби, а јас него би го искористила заради љубов - а при тоа ниту тој, ниту јас не би го добиле она што нашето срце го сака. Ова е екстремен пример но, ние го правиме токму тоа, секгогаш кога кориситме друга особа само за да бидеме со некој во врска.

    Кога свесно ја одбираш невиноста така што не сакаш да бидеш дел од културата на необврзното забавување туку одлучиш да ја чекаш особата која навистина ти одговара - тоа воопшто не може да се нарече наивност. Ти добро знаеш од што се воздржуваш и зошто: за да се восредоточиш на љубовта која вреди да се чека. А кога ќе се одлучиш за  живот во девственост сега и во идните врски, на тој начин го правиш токму она што на почетокот на текстот е кажано во дефиниција: внимаваш да на ја расипеш, да не ја извалкаш љубовта која ја имаш во себе.

    Затоа, уживајте додека сте сами! Потрудете се да го спознаете Господ преку молитва и да Му го отворите своето срце. Посветете се во пронаоѓање на добри пријатели, истражување на нови предели, испробување на нови нешта или пронаоѓање на нови професии... Уживајте во животот!

    Ако Бог ви наменил брак, тогаш Он веќе ја создал и особата која ќе биде ваша втора половина. Кога ќе дојде моментот, Он ќе ве спои, верувајте ми, ќе сфатите дека многу било полезно да се чека таа права особа и да се чува својата телесна чистота како непроценлив дар, а не како некоја грешка..

    Создадени сме за чиста и потполна љубов. Не дозволувајте светот да ве натера да чувствувате вина заради која ќе се сложите на нешто помалку од тоа.

     Аутор: Кејлин Кослоски
     "You are innocent, but you are not naïve"
    Извор: https://centarzazivot.rs/category/mladi-i-polnost/devstvenost-u-21-veku/

    подговти: М. Б.