3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Настан од детството на Свети Нектариј Егински!

Додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Исус Христос на небесата“. Во него тој напишал:
„До мојот пресладок Исус“.
Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам.
Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се поклонувам и верувам во Тебе.
Твојот верен слуга, Анастасиј. “
Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал: „Христос до Анастасиј“. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла.


Преземено од фб профил на

Игумен Гаврил

Септември 2021 лето Господово