Aleksandar.N.sv.Haralampij

Децата љубете ги особено, затоа што и тие се безгрешни како ангелите и живеат за да нé радуваат, поради чистење на нашите срца, како некој патоказ за нас. Тешко на оној кој ќе нажали дете.
Отец Анфим мене ме научи да ги сакам децата: тој мил и молчалив човек, на нашите патувања, за оние грошеви кои светот ни ги доделуваше, им купуваше и им раздаваше медењаци и бомбони. Тој не можеше да помине покрај деца без восхит: таков човек беше тој.
... Секој ден и час, секој миг погледни на самиот себе и внимавај на себе, ликот да ти биде благороден. Ете, си поминал покрај мало дете, си поминал лут, со грд збор, со огорчена душа; и можеби не со го ни забележал детето, но тоа тебе те видело и твојот лик, грд и зол, можеби остана во неговото незаштитено срце. Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби веќе со тоа фрли лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе прорти, и сето тоа зашто не се воздржа пред детето, зашто во себе немаш одгледано внимателна и делотворна љубов.


~ Ф. М. Достојевски

 

Подготви:

Snežana Cornet

 17ти прил 2021 лето Господово-Велик пост