Aleksandar.N.sv.Haralampij

За многумина, ако не и за мнозинството православни христијани, постот се состои од ограничено количество формални, претежно негативни правила и прописи: воздржување од извесна храна, игранки, и можеби од кино.
 Ние сме оддалечени од вистинскиот живот во Црквата во толкав степен што ни е речиси невозможно да разбереме дека во постот има нешто друго, нешто без кое што сите тие правила губат голем дел од својата смисла. Тоа „нешто друго“ може пред сé да биде определено како некаква атмосфера, настроеност, како состојба на духот, умот и душата којашто во текот на седум недели го проникнува сиот наш живот.


Треба уште еднаш да се подвлече дека целта на постот не се состои во тоа тој да нè принуди на некакви формални обврски, туку во тоа да го омекне нашето срце, така што тоа би се отворило за духовната реалност и би ја доживеало скриената глад и жед за заедништво со Бога.


Протојереј Александар Шмеман

 

Избор од фб профил на

Православие.Мк

22ри март 2021 лето Господово