3.angeli.so.truba

Молитвата на св. Ефрем Сирин


Оваа молитва е вклучена во богослужбениот циклус во Посниот Триод преку целиот период на Великиот Пост. Почнувајќи од  вторник и четврток навечер (службите за Среда и Петок), во Сирната седмица пред постот, па до страсната недела, секоја богослужба завршува со молитвата на св. Ефрем Сирин.


Свети Ефрем Сирин бил монах, пустиножител од  4 век кој живеел во Сирија. Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу покајни песни, коишто извирале од неговиот покаен внатрешен дух во него. Не бил учен, но Светиот Дух го учел. Оваа молитва е една од многуте негови покајнички молитви. Едноставна е и многу кратка, а истовремено многу содржајна и прецизна. Таа е сржта, центарот на духовниот живот во Црквата.


Молитвата гласи:


Господи и Владико на мојот живот, не ми давај дух на мрзливост, униние, властољубие и празнословие. (метанија)
Но на мене, Твојот слуга дарувај ми дух на целомудрие, смиреномудрие, трпение и љубов. (метанија)
Да, Господи Цару, даруј ми да ги видам моите согрешенија и да не го осудувам својот брат, зашто си благословен во вечни векови. Амин. (метанија)

http://www.prohor.org/%d0%bc%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0.../

 

17ти март 2021 лето Господово