3.angeli.so.truba

АКО НЕ СЕГА, КОГА? АКО НЕ ТИ, КОЈ?

Светот е полн со луѓе кои се плашат да го направат првиот чекор, да донесат одлука, да дејствуваат без да анализираат премногу. Потребно е да го здобиеме тој мажествен дух и да не се плашиме премногу од животните предизвици.
Некој ја изгубил можноста да се ожени со жената што ја сакал затоа што се плашел да и предложи брак, а сега живее сам додека таа се омажила за некој друг.
Некоја жена ја изгубила можноста да роди дете, затоа што кога можела, не се осмелувала, додека сега, поради годините и староста, повеќе не може.
Некој ја напуштил својата добра работа за да замине во странство и сега ‘’туѓинува’’ за едно парче леб.
Некој не се осмелуваше да стави крај  на почетокот на една врска, бидејќи започнал да живее во заедница или од сожалување, и сега или живее во пропаднат брак или се разведува, бидејќи  повеќе не може да ја издржи таа мизерија и мака. Годините поминале а неговата неодлучност го затворила во еден живот што наликува на смрт.
Компромиси, неактивност, прекумерна анализа… На крајот на краиштата, тие ги обликуваат нашите животи во голема мера.
И, за жал, многупати недостатокот на храброст нè води кон разгалување и фатализам. Можеби тука игра улога и стравот од неуспех, затоа не го правиме првиот чекор, затоа немаме смелост.
Но, подобро е да се осмелите и да не успеете, отколку да живеете живот на помирување, полн со неостварени соништа и копнежи. Затоа ви велам да не се плашите од донесување одлуки.

3.angeli.so.truba


Ако ја сакаш, кажи и. Ако сакате да имате дете, сторете го тоа. Ако видите дека постои можност за работа, зграпчете ја. Не се предавајте лесно. Имајте трпеливост и бидете упорни. Ако се покаете, одете и исповедајте се. Ако копнееш за монаштво, тргни се од светот. Ако копнееш за спасение и избавување, подвизувај се. Ако не сега, кога? Ако не ти, кој?
Не дозволувајте деновите и годините да минуваат. Дејствувајте. Станете главен лик во вашиот живот. Вие, не другите, вие, не вашите страсти и слабости. Не дозволувајте да станете марионета на околностите и одлуките на другите луѓе. Најмалку, направете што зависи од вас за да го постигнете она што го посакува вашето срце. Дури и самото започнување на  овој процес ќе ви донесе духовна корист, ќе се чувствувате подобро, ќе се чувствувате живи; затоа што сега ќе се стремите кон нешто што го сакате за себе, а не за она што другите го сакаат за вас.
Сепак, внимавајте што сакате и бидете претпазливи во сите ваши обиди и одлуки да не ја изгубите човечноста, да ги повредите ближните и што е најважно да го изгубите Христос.

3.angeli.so.truba


На крајот, колку и да копнееме и да сакаме нешто, ако тоа го става мојот однос со Христос во опасност, подобро да ја жртвувам својата „волја“ заради Христа.Остварувањето на мојата „волја“ и моите желби може да ме радуваат само извесно време, но  Христос и само Христос може да ми даде бесконечно спасение што не може да се спореди со ништо друго.


3.angeli.so.truba

Автор: архим. Павел Пападопулос

За Преминпортал Симеон Стефковски

1ви јануари 2021 лето Господово