BOGORODICA.2.a

Ако си паднал, стани!
Ако пак си паднал – повторно стани.
Не е чудно за оној што трча понекогаш и да се сопне. Само треба постојано да се има трпение и покајание.

Затоа, покај се кога ќе згрешиш и не го губи времето.
Значи, не очајувај кога ќе паднеш, туку со усрдност стани и направи метанија, велејќи: „Прости ми, Христе мој, човек сум и слаб сум“. Не те напуштил Бог, како што кажуваш, но бидејќи во тебе има световна гордост и многу суета, нашиот Христос дозволува да згрешиш и паднеш, па така секојдневно, преку тие ситуации, да станеш свесен за својата слабост, за да ги трпиш грешните, да не ги осудуваш своите браќа кога грешат, туку да ги утешиш.

Колку пати и да паднеш, повторно стани и побарај прошка. Не ја криј мачнината во своето срце затоа што маката и душевната здодевност се радост за лукавиот, од нив душата се исполнува со горчина, а духовното расположение на покајникот треба да вели: „Згрешив, прости ми Оче“, и на тој начин да го отстрани тоа расположение.

Старец Јосиф Исихаст

 

24ти јуни 2020 лето Господово

Избор од фб профил на

Православие.Мк †