СПИНАЛОНГА, ЛЕПРА И ЈЕРОМОНАХ ХРИСАНТОС

3.angeli.so.truba

Имав лепра.
Поминав многу години на островот Спиналонга.
Болеста нè осакати, а стравот од зараза направи здрави да бегаат и да се поттргнуваат од нас. Никој не смееше да ни пристапи. Новинарите го нарекуваа Спиналонга, остров на живи мртовци.

Лекарите, болничарите, работниците и жените кои ни ја миеја облеката, сите го напуштаа островот пред зајдисонце, поради страв од зараза. Тие не сакаа да ја поминат вечерта со лепрозни.

Чувствувавме голема потреба од свештеник. Само тој можеше да нè утеши со словото Божјо, да нé поткрене духовно.
Но, свештеникот доаѓаше два пати месечно.
Тој ќе дојде во сабота навечер, ќе служи вечерна и ќе замине.
Следното утро ќе дојдеше, ќе служеше Литургија и ќе си заминеше. Исто така, доаѓаше за најпотребно ... за погреби.

Еден ден, ние, неколкумина мажи, седевме во дворот на кафеаната, што беше веднаш до влезната порта, кога здогледавме дека влегува свештеник.
Сфативме дека дојде да служи.
Веднаш штом нè здогледа, ни пристапи и од срце се поздрави со секој.
Сите стоевме со благо наклонување на главата.
Никој не му подаде рака за поздрав затоа што тоа не му е дозволено на лепрозниот.
Не му е дозволено ракување, за да не се пренесе оваа проклета болест.
Но, затоа пак, тој ја подаде раката. Тој срдечно се ракуваше со сите.

"Останувам со вас на островот, за да ви помогнам да ги исполните вашите христијански должности."

Следниот ден, сите отидовме во храмот Свети Пантелејмон.
Сите жени, деца и мажи, ја следевме Литургијата со побожност и длабока благочестивост.
Не се причестивме затоа што не постевме. Не знаевме дека ќе имаме Литургија.

Пристапивме за нафора и сите му ја целивавме раката.
Тој тоа го побара од нас. Како што ни подаваше нафора, така ни ја принесуваше десната рака кон нашите усни.
На сите им потекоа солзи. Пред неговото доаѓање нафората ја зимавме сами од кошница исплетена со трски каја служитолот ја оставаше на една масичка.

Сите бевме на следната Литургија.
Црквата беше полна, како и храмовиот двор. Сега сите се причестивме. По завршувањето на Литургијата, го видовме свештеникот дека ја употревува сета причест што остана после нас.
Мислевме дека сонуваме, гледајќи со широко отворени очи.
Крупни и врели солзи се слеваа од нашите очи.
Претходниот свештеник ја согоруваше Причеста која остануваше после нас во Путирот.

Јеромонахот Хрисантос десет години беше со нас деноноќно.
Тој нè посетуваше дома. Сите нас нè прегрнуваше со љубов и нè водеше духовно, нé храбреше, нé помагаше и нé тешеше. Тој ни беше сè.

Дури и кога го напуштивме островот, откога се пронајде лекот за лепра, тој остана.

'' Морам да ги одржувам гробовите и да им служам парастос за душите на починатите. Не можам да ги оставам ''.

*Кога поради старост неговото здравје попушти по благослов на митрополитот, го напушти островот и отиде во манастир.

 3.angeli.so.truba

22 март 2020 лето Господово

 

 

Изборот го подготви:

 

Снежана Корнет

 http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all