Дедо Наум :

“  Никогаш Крстот не е без Воскресение! Никогаш  молитвата кон Бог не е без одговор !  Никогаш тагата по Бог не е без радост !  Никогаш плачот по Бог не е без утеха!  Страдањето, молитвата ,  тагата и плачот по Бог се истовремено сведоштво на присуството на Божјата благодат во нас, сведоштво на нашата лична заедница со Него ! Што друго ни треба ? “


За духовните чеда

Во почетокот комуникацијата треба да биде почеста и понепосредна додека духовното чедо не застане на свои нозе. Потоа односот пред сè мора да се заснова на внатрешна длабока поврзаност и комуникација. Едноставно, да знаеме сè едни за други без оглед на просторната, па и временска оддалеченост, но на духовен начин, а не со помош на современите средства за комуникација. Ова го има вистинскиот духовен отец во однос на своите чеда, но со време треба да го стекнат и духовните чеда кон својот отец. Во тој случај и односот духовен отец – духовно чедо, во смисла на надреденост – подреденост, е веќе непотребен. Целта на ваквата комуникација е да не губиме време едни за други, туку непречено да ја извршуваме мисијата на Црквата.

Прифаќање


 Секое искушение (пред сè, она кое доаѓа преку човек), од големо до мало, правилно го надминуваме секогаш на истиов начин: прво, го прифаќаме како дар Божји; второ, Му благодариме на Бог за тоа; трето, се осудуваме себеси како заслужни за уште полошо од она што веќе ни се случува; четврто, ја продолжуваме молитвата, ама не како борба против искушението, туку како градење на заедница со Бог и, по потреба, и со тој што нè повредил; петто, не му покажуваме (надворешно) на демонот ни на лице, ни со збор, ни со некоја постапка дека се наоѓаме во искушение.


Наум Митрополит Струмички

 


Од меѓусебната комуникација на верниците(извадок)


   Светлана
Откога го запознав дедо Наум, не лично, туку преку неговите поуки, објаснувања за правилата и суштината на Православниот живот, тој преку Господа ми ги поддотвори портите да го здогледам патот и полека да тргнам. Неверојатно интелигентен човек, долги години се подвизувал аскетски молејќи се на Света Гора.Со целото срце и душа посветен на Господа, а преку него и на нас, на спасение на нашите души.Напаѓан е од доста луѓе, но колку си поголем, толку поголеми напади од демонот добиваш, а тој е и во луѓето...

До  Светлана
Светлана, и јас го запознав дедо Наум прво преку неговите книги, и од тогаш... се менува обликот на овој свет :) фала на Бога за се\' а доживеав и лично да го запознаам, така што ќе кажам само, тој е свеќа која тивко и љубовно гори, и несебично емитува светлина, за живот на светот, по примерот на нашиот Владика и Господ Исус Христос. Слава Тебе Господи...

 

 (Од архивата на Преминпортал)

 

Друго: