МОЛИТВА ЗА ОТВОРАЊЕ НА УМОТ

Господи Исусе Христе, Учителу на милоста,
Те молам отвори ги очите на срцето мое
за да го чујам и да го разберам Словото Твое
и да ја творам волјата Твоја,
којашто во него нам, безумните и грешни луѓе,
ни е откриена.

Господи Боже, Спасителу мој,
бидејќи на земјата дојде да ги најдеш
паднатите и да ги спасиш,
не сокривај ги од мене повеленијата Свои,
зашто јас пропаѓам во мракот на незнаењето
на заповедите Твои.
Отвори ги очите на умот мој за да ги разберам
чудата на Твојот наук и кажи ми ја
непознатата и тајна мудрост Твоја.
Со светлоста на Своето знаење
просветли ги мојот ум и разум,
на Тебе се надевам, Боже мој,
за не само да го читам и пишувам
туку и да го извршувам него.

Ти се молам и со солзи припаѓајќи Ти повикувам:
Господи, просветли ме, научи ме, вразуми ме,
та Светото Слово Твое
и житијата на Светиите Твои
да ги читам не за суд
ами за обновување и просветлување,
за осветување и спасение на мојата душа,
за наследство на вечниот живот. Амин.
( Утринска молитва)

Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕ МОЛИТВЕНИК