„Духовниот отец е човек чие присуство е со манифестација на моќ не кон луѓето, туку кон паднатите ангели. Тој го познава патот на духовен растеж. Неговото срце е доволно “очистено од страстите” и затоа духовно отворено, а неговиот ум со плач и со молитва пребива во така “отвореното срце”. Тоа е дело и подвиг во кој учествува целото човеково битие. Тука се случува тајната на преобразувањето. Благодатта на Светото Крстение што извира од “очистеното срце”, ги преобразува и умот, и словото, и личноста на духовниот отец. Умот станува “просветлен”, словото со “сила”, а присуството со сведоство Христово.

Словото на духовниот отец допира до длабочината на срцето на духовното чедо и однатре го преобразува: му носи светлина на верата, му носи сила за подвигот, му влева надеж во духовната борба. Духовно го раѓа и го гради, преку взаемниот личносен однос, новиот, во Христа, човек. Односот “духовен отец - духовно чедо” е Света Тајна на взаемно проникнување и растење во Христа.“

Посети: {moshits}