Симнување во адот, икона на о. Стаматис Склирис

До нашата редакција стигнаа неколку писма во кои читателите зборуваат за нивната борба со ирационални стравови и анксиозност. Поради тоа, се надеваме дека оваа молитва ќе им помогне на оние коишто минуваат низ ваква борба.

+++

Избави ме, Боже мој, од стравот што го понизува и срами Твоето создание. Те молам да не се плашам од денот, ниту од ноќта, зашто Твој е денот, и Твоја е ноќта. Нека не ме плаши ни гората, ни водата; зошто Ти ги создаде горите, и меѓи си поставил меѓу водите. Нека не ме плашат ни горските ѕверки, ни водните ѕверки, зашто сите животни се Твои, Господи. Нека не ме плашат ни соништа во ноќта, ни привиденија во денот, зашто Твојот Ангел стои од мојата десна страна. Боже вечен, нека не ме плаши ни Твојот невидлив противник, кого го победи со Твојот чесен крст. И смртта нека не ме плаши, Христе мој сесилен, зашто Ти смртта ја победи, и со Своето воскресение целиот свет го осветли како со најсилна светлина.

Стравот ме прати како сенка. На пладне сенката на дрвото се губи. Кога сонцето се издига највисоко над сите предмети на земјата, тогаш сенките се губат. Кога сонцето е на својот исток или запад, пониско од високите планини, тогаш сенките се најдолги. И Ти, Господи и Боже мој, кога заоѓаш од мојот поглед, долгите и мрачни сенки се збираат околу мене, и го плашат моето срце. А кога Те гледам возвишен над сите висини, сенките се губат и стравот си заминува.

Светители Божји, молете се за мене грешниот (грешната), да се спасам од овој безумен страв. Ангеле Божји, милостив молитвенику, никогаш не оставај ме поради моите гревови. Слава на Бога во висините, слава Му во вечни векови. Амин!

Извор: http://pravoslavie.mk.