3.angeli.so.truba


Тропар, глас 8:
Препрославен си, Христе Боже наш, Кој на земјата ги постави нашите Отци како светила, и преку нив нѐ упати сите нас кон вистинската вера. Многумилостив (Господи), слава Ти!


Кондак, глас 8:
Проповедта на Апостолите, и догматите на Отците, ја запечатија единствената вера на Црквата; носејќи ја облеката на вистината, исткаена од небесното богословие, таа ја утврдува и слави големата тајна на верата.


Икос: Да ја слушнеме Црквата која вика со врвна проповед: Кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие од чашата што ја држам; тоа е чашата на премудроста, од која го црпам словото на вистината, водата која излева согласност, а не раздори. Пиејќи од неа, сегашниот Израил Го гледа Бога Кој говори: Погледнете, и видете дека Јас сум Истиот, и не се менувам; Јас сум Бог во почетокот, и по времето, и нема друг освен Мене. Оние што се причестуваат ќе се наситат, и ќе ја фалат големата тајна на верата.


Седален, глас 4.
Светилници пресветли на Христовата вистина на Земјата се покажавте, навистина најблажени и богогласни отци, кои ја исушивте брбливоста на  богохулните ереси, и ги изгаснавте огнените немири на безбожните. Затоа, како Христови светители, молете се, да се спасиме.


Седален, глас 4.
Светлиот град Никеја, денес ги повика во себе, од сета земја, триста и осумнаесетте Свештеноначалници, против Арија кој говореше хула, и кој го намалуваше Едниот од Троица -  Синот и Словото Божјо. Откако го осудија Арија, верата ја утврдија.


Слава, глас 8.
Хорот на Светите Отци, кои се собраа од краиштата на вселената, учеа за едната суштина и едната природа на Отецот и Синот и Светиот Дух, и тајната на богословието јасно ѝ ја предадоа на Црквата. Затоа, славејќи ги со вера, да ги наречеме блажени, велејќи: О божествена гардо на Господа, многусветли ѕвезди на духовното небо, несоборливи столбови на таинствениот Сион, мирисливи рајски цветови, сезлатни усти на Словото, никејска пофалбо, украсу на вселената, прилежно молете се, за душите наши.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba