Блажениот старец Нил од скитот на Светиот Нил Сорски
(1801- 1870)

bogoslovi.vecerna8.jpg

Недела
Семилосна Дево Богородице, Мајко на милоста и љубовта кон сето човештво, најсакана моја надеж и жедба! Мајко на најслаткиот и најпосакуваниот Спасител, Кој ја надвиши секоја љубов, Иисус Христос, Човекољубецот и Господ мој, Светлина на мојата помрачена душа! Јас, кој сум преисполнет од грешност и лишен од надеж, ничкум паѓам пред Тебе, и Ти се молам;  благ Извору на милоста, Дево Богородице, Која имаш бездната на Милосрдието, и го достигна дното на Состраданието и љубовта кон човечкиот род!: Биди ми милосрдна, имај милост кон мене, излевам болка и солзи кон Тебе, биди ми милостива,  мене кој сум целиот сум изранавен, бидејќи западнав меѓу  безобѕирни крадци и затоа оф леле! соголен сум од ризата во која Отецот ме облече! Затоа јас лежам оголен од секакво добро дело, моите рани се смрадни и гнојни во моето безумие. Госпоѓо моја, Богородице, со своето милосрдно око погледни ме, понизно те молам и не презирај ме, мене кој сум целиот помрачен, сиот во нечистотија, потонат во мил од страсти, страшно паднат и немоќен да станам. Сожали се на мене и подај ми ја спасувачката рака, избави ме од дното на гревот, О Радост моја! Избави ме од нив кои ме опколуваат; стори моето лице да блеска како на твој слуга; спаси ме од пропаст, измиј ја валканоста, подигни од страшниот пад: бидејќи сé ти е можно, како Мајка на Семоќниот Бог. Излиј ја на мене милоста Своја и исполни ме со питието на скрушеноста, бидејќи Те стекнав како вистинска и единствена надеж во мојот живот; не одвраќај се од мене кој ти прибегнува, но, погледни на мојата тага,  Дево, на на мојата душа копнеж, прими ја оваа молитва и спаси ме,  Посредничке на моето спасение! Амин.


Понеделник
Од валканите усни прими ја оваа молитва, Неосквернета, чиста и најчиста Дево, Богородице, и не презирај ги зборовите мои, О Радост моја, погледај на мене и сожали се, Мајко на мојот Создател. За време на мојот живот не ме напуштај, бидејќи  Господарке, знаеш дека ја положив сета своја надеж на Тебе и сето мое тежнеење е кон Тебе. Заради ова, во време на мојата смрт, застани крај мене, Помошничке моја, не се засрамувај од мене. Затоа што знам, Дево, дека сум виновен за мноштво гревови, и бедникот, треперам. сеќавајќи се на тој час. Но, Ти Радост моја, покажи ми го Твоето присуство, и биди ми необично миостива, Посредничке на моето спасение. Спаси ме Господарке, од свирепоста на демоните, од грозното и страшно испитување на духовите на поднебесието, избави ме од нивата пакост, преобрази ја сета жал и тага во радост со Твоето просветлување и подари ми неповреден да ги поминам властите и началаствата на темнината и да стигнам да го прославам Христос Господ Кој седи на престолот на славата до Неговиот беспочетен Отец и пресветиот Дух. Амин.

Вторник
О, Сесвета Господарке Богородице, Која си почествувана од ангелите и архангелите, херувимите и серафимите, и посвета од сите светии,  Дево Мајко Божја! Спаси ме мене, Твојот понизен и грешен слуга, затоа што знаеш, семилосна Госпоѓо, дека освен Бога, сета своја надеж ја полагам на Тебе, и немам друг заклон на спасението освен Тебе, Предобра. Ти си мојата сила,  Господарке, Ти си мојата моќ, Ти си ми радување во тагата, засолниште во искушенијата, исправање во падот, Ти си ми исто така и сета надеж за спасение, О Мајко на мојот Господ и Создател! Помогни ми, мене кој пловам низ длабочините на овој живот, страотно нападнат и загрозен од паѓање во грев. Подај ми рака на спасението, Помошничке моја, и избави ме од милта на бездната, за да не потонам во невидот на безнадежноста: затоа што бурата на гревот и страстите се подигна против мене и брановите на престапите на препокрија .Но, Ти, Сострадална Мајко, Ти пристан на бестрастието, раководи ме и спаси ме, Надеж на безнадежните и Посредничке на моето спасение. Амин.
(продолжува)
Источник: www.holycross-hermitage.com
Подготви. М.Б.

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата (втор дел)

Посети:{moshits}