Nedela.na.bludniot.sin

НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН


Песна 6


Ирмосː Во длабочината гревовна сум држан, Спасителу, и на морската шир брануван; но, како што од ѕверот го избави Јона, и мене од страстите извлечи ме, и спаси ме.


Длабочината на согрешенијата ме држи секогаш и бранувањето на гревовите ме потопуваː води ме кон пристаништето на животот, Христе Боже, и спаси ме, Цару на славата.


Богатството татково го потрошив неразумно и, осиромашен, се исполнив со срам, заробен од неплодни помисли. Затоа Ти викамː Човекољупче, смилувај се на мене и спаси ме.
Славаː Ослабен со глад од секакви добра и оддалечен од Тебе, Себлаги, смилувај се на мене кој сега се обраќам, и спаси ме, Христе, мене кој го пеам Твоето човекољубие.
Богородиченː Ти, која Го роди Спасителот и Господ Христос, удостој ме да се спасам јас, кој сум осиромашен од секакво добро, Дево чиста, за да ги пеам твоите величија.
Ирмосː Во длабочината гревовна сум држан, Спасителу, и на морската шир брануван; но, како што од ѕверот го избави Јона, и мене од страстите извлечи ме, и спаси ме.


Кондак, глас 3.
Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќамː Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме.
Икосː Секој ден Спасителот  ни зборува, за да нè научи со Својот сопствен глас. Да слушнеме што вели Писмото (свето) за блудниот (син), и со вера да го подражаваме неговото добро покајание. На Оној што ги знае тајните на сите, со смиреност на срцето да извикамеː Ти згрешивме, Оче Штедар, и никогаш не сме достојни да се наречеме чеда како порано. Но, бидејќи си човек по природа, прими ме Ти и направи ме како еден од Твоите наемници.

 

За Преминпортал, подготви: Т.С.