На оваа  неделната Литургија, која оваа година паѓа на Водокрст, во очи на Богојавлението, се чита токму почетокот од Евангелието по Марко.

„Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите…“ Јован не доаѓа овенчан со слава на голем и учен говорник, писател, научник. Тој доаѓа од пустината како човек во потполност посветен на Бога. И затоа луѓето повеќе му веруваат нему, отколку на учените, богатите и славните. А и тој не сведочи за себе. „А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: ‘По мене иде Посилниот од мене, Кому не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.’“ Дали Месијата навистина доаѓа? Спасителот? – се прашувале многумина Евреи. Ние знеме дека дошол, еднаш засекогаш, но постојано забораваме на тоа. Кој да нè потсети? И како да не заборавиме? Можеби и не знаеме, но веруваме. Можеби и не веруваме, но сакаме да веруваме. И верата е дар што од Бога се добива, а постојат дарови кои не е лошо да се измолат. За да присуствуваме на величественото Јавување на Бога ќе ни биде потребна макар и ронка вера. Јован ни кажува дека неа ќе ја измолиме со ронка покајание. Ѓакон Ненад Илиќ
Извор: http://agapi.mk/nakaj-bogojavlenieto/

 

 

 

 

Кога во Јордан се крштеваше…

 Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син: и Духот во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави, Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти. Една фото-галерија од различни краишта на светот како подготовка за претстојните денови на Богојавленското просвештение.

 
Извор: http://agapi.mk/koga-vo-jordan-se-krstevase/