liturgija.oliver1.jpgГосподи, доброволно Си ги раширил Твоите раце на Крстот, исполни нè со светлината Твоја во постот и молитвата, воздржанието и милостината и удостој нè да се поклониме на Крстот Твој со умилно срце, зашто Ти Си благ и човекољубив. 
Вечерна воочи Крстопоклона Недела

 Поуки на светите отци: Ако ти искрено и од срце простиш, Бог на истиот начин тебе ти простува.
 Свети Јован Златоуст

 Молитва:
 Господи, Ти благодариме зашто со Крстот Твој си нè повикал во заедницата на Твојата света Црква. Дај ни секогаш да се сеќаваме на Твоите зборови полни со љубов: »Кога направите на еден од овие најмали, и Мене Ми направивте«. Научи нè да живееме по овие зборови.

 Читање од Светото Писмо:
 Послание до Евреите 10, 31-38
 Свето Евангелие по Марко 2, 14-17

 Созерцание: ...И Исус им рече: »Не здравите имаат потреба од лекар, а болните«.
Свето Евангелие по Марко 2, 17

Подготви: А.Л.

Посети:{moshits}