bdenie.peobrazenie8.jpgПријдете, верни, да пиеме не од земниот извор, но од источникот на светлината, поклонувајќи се на Крстот Христов, зашто Крстот негов е наша слава.
Утрена, Крстопоклнона Недела

 Твојот Крст, Господи, е свет и носи исцеление на болните од гревот. Поклонувајќи му се, припаднуваме пред Тебе, помилуј нè.

 Поуки на светите отци: …кога човекот е лишен од Светиот Дух, како да се надеваме за негово спасение, како потоа тој ќе може исправен да оди?
 Свети Јован Златоуст

 Молитва:
 Господи Благ, научи нè со секој нов ден, со секој нов опит подобро да ги разбираме Твоите зборови: »кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде«. Губејќи се себе во Твоја служба, да се збогатиме со радоста на животот. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 10, 12-20
 Битие 7, 6-9
 Соломонови Изреки 9, 12-18

 Созерцание: Не давај да застрани срцето мое кон лукави зборови и да врши грешни дела. Да се исправи молитвата моја како кадило пред тебе, воздигнувањето на моите раце – жртва вечерна.
Псалм 140, 4; 140, 2

Подготви: А.Л. 

Посети:{moshits}