arhierei.svpetka.jpg Господи, Ти си му помогнал на кроткиот Давид во борбата и си го направил способен да го надвладее иноплеменикот; Притекни напомош на Твојот Православен народ, и со оружјето на Крстот порази ги нашите противници. Со Твојата штедрост покажи ни ја Твојата милост како некогаш и направи да познаат (противниците наши) дека Ти Си Бог и дека ќе победиме ние, кои на Тебе се надеваме. По молитвите на Твојата Пречиста Мајка, дарувај ни милост голема.
Вечерна, Крстопоклнона Недела

 Поуки на светите отци: Ако малку проштевате, и Он малку ќе ви прости! Ако многу проштевате, Он многу ќе ви прости!
 Свети Јован Златоуст

 Молитва:
 Со вера во силата на Чесниот Крст Твој да го положиме животот во Твоите раце, Господи, и да бидеме непоколебливи кога ќе ни отежне патот, предано служејќи Ти без отстапување, зашто сакаме да ти служиме по волјата Твоја. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 9, 9-21; 10, 1-4
 Битие 7, 1-5
 Соломонови Изреки 8, 32-36; 9, 1-11

 Созерцание: Зашто кој ме наоѓа мене, наоѓа живот и добива љубов од Господа.
Соломонови Изреки 8, 17

Подготви: А.Л.

Посети:{moshis}