markov.prezde4.jpgГи приклонувам колената пред Тебе, како блудниот син во древноста, Господи и Владико, поитај ми во пресрет и прими ме, та прегрнувајќи ме, дарувај ми залог за Твоето Спасение. Наместо наемник, син Твој повторно направи ме, Спасителу човекољубив.
Утрена, втора недела од Постот

 Поуки од светите отци: Тогаш, знаејќи каква е судбината на злобниот, потруди се да стекнш блажена кротост во душата своја, фалејќи Го Христа, Учителот на добродетелите и  наши сотрудбеници без кои не сме во можност да направиме никакво добро.
Свети Григориј Палама

Богоиспратената ѕвезда гледајќи ја, мудреците блесокот нејзин го следеа, и имајќи ја за светилник небесен, со неа тие крепкиот Цар Го бараа. Пристапувајќи пред недостижниот, се израдуваа пеејќи Му: »Алилуја!«
Од Акатистот на Богородица

Молитва:
Боже, Ти секогаш си подготвен да ни се откриеш и пред да сме ние спремни да ги видиме делата на Твоите раце: отвори ги очите наши за да ги гледаме секогаш околу себе знаците на Твоето присуство. Биди близу нас, Господи, дури и кога ние со своите гревови се оддалечуваме од Тебе – биди близу, Господи, и дај ни да го чувствуваме Твоето присуство, иако сме незаслужни и недостојни! Амин.

Читање од Светото Писмо:
Исаија 7, 1-14
Битие 5, 32; 6, 1-8
Соломонови Изреки 6, 20-25; 7, 1

  Созерцание: Синко, пази ја заповедта на татка си и не отфрлај поуката на мајката своја.
Соломонови Изреки 6, 20

Подготви: А.Л.