1486868_591656094235592_1510059877_n

 Една медицинска сестра од големата болница во Атина, госпоѓа А., му раскажа на отец Симеон Светогорец кој престојува во Калиагра:

„Имав мултиплекс склероза и бев на пат кон парализа. Лекарите ми дадоа еден месец. Додека бев легната на креветот, но будна, ја гледам Богородица како ми вели: ,А. стани, сега си веќе добро‘.

Станав, и наредниот ден отидов на работа во болницата. Лекарите ме видоа и се стресоа. Ме испитаа и видоа дека сум здрава“.

Отец Симеон ја прашал А., на кој оддел работи. „Јас сум во мртовечницата“, – му одговори. „Ги носат умрените и ги оставаа без никаква почит. Јас ги земам, ги мијам, ги облекувам и ги дотерувам како да се мои блиски луѓе“.

„Затоа Богородица те оздравела“, – ѝ рече. „Во Стариот Завет Товит кога наоѓаше мртовец, го облекуваше и го погребуваше. Затоа му рече архангелот Рафаил ,јас те заштитувамʻ.

„И јас“ – рече со плачење А. – „чувствувам некоја заштита над мене“.

 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: Ασκητές μέσα στον κόσμο Α΄,

Άγιον Όρος, 2008
28/03/2014 чуда.

28-ми март. лето Господово 2014

Извор: Амвон