kyprian.pizhov.easter.day.1991.jpg

ДЕЦАТА И МОНАШТВОТО


Изненадувачки е што има и такви православни родители кои негативно реагираат кога ќе дознаат дека нивните деца сакаат да станат монаси или монахињи.  Ако чуеме дека детето изразува таква желба не би требало да ја отфрлиме како детски хир, за да не погрешиме против потенцијалниот Божји повик во детето. Од друга страна, не би требало таквата детска намера да ја сметаме за нешто обрврзувачко. Треба да се почека детето да порасне и да донесе зрела и лична одлука. Погрешно е да се потсмеваме на детето кое сака да стане монах или монахиња, или да го обесхрабриме, или пак да раскажуваме на другите за тоа. Треба да се советува детето да се моли во срцето и да биде трпеливо.

  • Само некои деца кои доаѓаат во нашата манастирска црква ќе станат монаси или монахињи. Ако пак, родителите не им даваат на своите деца добар пример на христијански живот во светот, децата ќе бидат социјално хендикепирани-ќе имаат проблеми да го најдат својот иден брачен другар. Светиот Јован Златоуст пишува: ”Не ти велам да го одвраќаш (својот син) од бракот за да го пратиш во пустиња, да го подготвуваш за  монашки живот. Би сакал и секому му посакувам таков живот, но бидејќи е тегобен неможам никому да му го наметнувам. Попрво би рекол: воспитувај го (своето дете како) Христов атлет и учи го–живеејќи во светот-да го сочува стравот Божји од својата младост”.


Од книгата: Васпитајте своје дете  од С. Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)