Легендарниот произведувач на мотоцикли „Харли Дејвидсон“ одлучи на оригинален начин да ја прослави 110 годишнината од постоењето.

Стотици љубители на мотори се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, каде што ги посети и Папата Франсис, кому фановите му подарија два популарни примероци на американски мотоцикли и кожна јакна.


„Харли Дејвидсон“ во Рим одбележува јубилеј од 13-ти до 16-ти јуни, а според очекувањата на произведувачот, повеќе од милион фанови се очекуваат во градот овие денови.

Главниот настан годинава ќе се случи во недела, кога папата ќе благослови околу 800 моторџии, соберени на плоштадот во Ватикан.

Елена Георгиевска: http://a1on.mk/wordpress/archives/165054