Jerotej.Vlahos.jpg

 

Митрополит Јеротеј Влахос
ПРАВОСЛАВНА ПСИХОТЕРАПИЈА
Наука на Светите Отци

Свети Григориј Чудотворец : На Татијан,
КРАТКА ПОУКА ЗА ДУШАТА

+++
Ме  замоли многупочитуван Татијане  да ти упатам расудување за душата со убедливи докази изнесени пооделно.  Сакаше тоа да го направам не повикувајќи се на сведоштвото на Писмото.
 За оние што сакаат побожно да мудруваат, тој начин на изучување (т.е. врз основа на Писмото) е секако, поубедлив од било кое човечко докажување.
Ти, меѓутоа, рече, дека тоа не го бараш заради сопствено уверување, зашто си веќе  научен цврсто да се придржуваш на божественото Писмо и Преданието и дека твојата мисла не може да се поколеба со бистрината на човечките докази,
туку заради побивање  на мислењето на оние што  поинаку расудуваат и не сакаат да бидат уверувани преку Писмото, настојувајќи, со посредтсво на своевидната вештина да ги демантираат оние, навикнатите  на таквите размислувања.

+++
Пред се  ќе покажам со каква сила на познанието согласно со својата природа за она што може да го појми душата , а со што потоа  се докажува  нејзиното постоење, дали е таа  - суштина или својство,
дали е тело или бестелесна, дали е проста или сложена,
смртна или бесмртна и најпосле  дали е словесна или бесловесна (разумна или неразумна).

Тоа се прашања кои што обично се истражуваат кога се расудува за душата, зашто се најважни и со нивна помош може да се окарактеризираат нејзините особености.  Во својство на доказите со кои се потврдуваат прашањата подложни на истражување, ќе ги користам оние општопознати причини, со кои обично се докажува  веродостојноста на работите кои што ни се на дофат на рацете.


СО КАКВА СПОСОБНОСТ СЕ ПОЗНАВА ДУШАТА?

1. Се што постои може да се препознае со сетивата,   или пак  може да се препознае со мислењето. Она што се забаележува со сетивата има веродостоен доказ во самото сетиво, зашто тоа, напоредно со допирот. во нас создава и претстава за соодветниот предмет.
Она што се спознава со мислењето не се спознава  само по себе , туку во својата енергија (дејство). Заради тоа и душата , бидејќи не може да се спознае сама по себе, се спознава во своето дејство.


ДАЛИ ПОСТОИ ДУШАТА?

2.  Кога нашето тело се движи, тоа бидува придвижено или однадвор или одвнатре. Од фактот дека тоа се движи и тогаш кога не го туркаат и не го влечат, јасно е дека тоа не е придвижено однадвор, како што се случува со неживите предмети.

Од друга страна, кога е придвижено одвнатре, тоа не се движи со силата на природнната нужност , како огнот,  кој не престанува да се движи се додека е оган, слично како што телото , кога е мртво, престанува да се движи, но не престанува да биде тело.

Според тоа, ако телото не е придвижувано однадвор, слично на неживите предмети и ако не се движи со силата на физичката нужност како, на пример, огнот, јасно е дека тоа е придвижено со душата која му овозможува и да живее. Значи, ако е докажано дека душата му дава живот на нашето тело, тогаш, сама по себе мора да постои и душата, која се спознава од своето дејство.

 

ДАЛИ ДУШАТА Е СУШТИНА?

3.  Фактот дека душата е суштина се докажува пред се со тоа што одредувањето на суштината, сосема правилно може да се примени и на  неа.
Тоа одредување е следното:  суштината е она што , бидејќи е истоветно и едно, може наизменично да усвои спротивности.
Тоа, дека душата, не отстапувајќи од сопствената природа, наизменично ги прифаќа спротивностите ,  јасно му е на секого, зашто во неа се забележуваат и
 правдата и неправдата ,
и храброста и стравот,
 и умереноста и разузданоста , иако се спротивни едно на друго.
Значи, ако својство на суштината е наизменично во себе да ги прима спротивностите и ако е докажано дека душата дозволува такво одредување, тогаш душата е - суштина.

Бидејќи телото е суштина, неопходно е и душата да биде суштина, зашто е невозможно она што се оживотворува да биде суштина, а она што го оживотворува - да не биде. Никој не може да тврди дека не - суштото е причина на суштото; само безумник може да каже дека она , чие што постоење зависи од нешто и без што не може да постои, се појавува како причина на она од што зависи.


ДАЛИ ДУШАТА Е БЕСТЕЛЕСНА


4. Со она што го рековме докажавме дека во нашето тело постои душа; заради тоа мораме да знаеме на кој начин таа постои во телото. Ако се наоѓа во непосредна близина на телото, како камче крај камче, тогаш душата ќе биде тело, додека телото во тој случај нема во целина да ја поседува душата, зашто таа ќе биде во непосредна близина само на еден негов дел. 


Ако би била измешана или слиена, тогаш би била сложена, а не проста и би била лишена од поимот кој инаку и е својствен на душата. Она што е сложено,  може да се подели и да се растури, а она што не може да се растури истовремено е  и сложено;
она пак, што е сложено има три димензии,
 а она што има три димензии е - телото.


Телото, пак, кога ќе му се приклучи на тело, го зголемува обемот.
 Душата, меѓутоа, наоѓајќи се во телото, не го зголемува неговиот обем и , наместо тоа, таа го оживотворува. Душата, според тоа, не е тело, туку е бестелесна.

Воколку душата  е тело тогаш таа бидува придвижене или однадвор или одвнатре. Таа,  меѓутоа, ниту , како  неживите предмети се придвижува однадвор со оглед на тоа дека никој не ја поместува и не ја повлекува,  ниту пак, слично на живите суштества се придвижува одвнатре.
Освен тоа, бесмислено е да се зборува за душа на душата.
Таа значи, нема тело, бестелесна е!

Ако е душата тело, тогаш таа има особини достапни на сетивата и се храни, но таа не се храни, а дури и ако се храни, не се храни телесно, туку со зборови. Затоа таа нема особини кои би можеле да се забележат со сетивата, зашто не можеме да видиме ниту праведност, ниту храброст, ниту било што слично на нив, а токму тоа се особините на душата.
Душата значи, не е тело, таа е бестелесна.

Како што се што е телесно се дели на живо и неживо, тогаш оние што тврдат дека душата е тело, нека го кажат и тоа дали треба таа да се смета  за живо или неживо тело. Потоа,  познато е дека секое тело има боја, големина и облик, а бидејќи во душата не наоѓаме ништо слично на тоа , оттаму следи дека душата не е тело.


 ДАЛИ Е ДУШАТА ПРОСТА ИЛИ СЛОЖЕНА?


5. Дека душата е проста се покажува од она на чија што основа претходно е докажано дека е бестелесна. Душата значи не е тело;   секое тело, пак,  е сложено, а се што е сложено се состои од повеќе делови.
Оттаму следи дека таа не се состои од повеќе делови. Бидејќи е бестелесна, таа е и проста, токму заради тоа што не е сложена и не се состои од повеке делови.


ДАЛИ Е НАШАТА ДУША БЕСМРТНА?


6.  Мислам дека е логично дека она што е просто  (несложено) , да биде  бесмртно, а на кој  начин - послушај.
Меѓу  се што постои, нема ништо што би било уривачко само по себе, Впрочем, такви нешто не постоело од самиот почеток, зашто она што може да биде изложено на оштетување, бидува оштетено од нешто што му е спротивно.
 Заради тоа се што може да биде оштетено, може и да се уништи, а тоа што може да се уништи , тоа е сложено,
додека сложеното има повеке делови.
 Она, меѓутоа што се состои од делови, се состои, како што е познато , од различни делови, а она што е различно, не  е истоветно.
 Бидејќи душата е проста и не е составена од различни делови,  бидејќи е несложена  и неуништива, од истата причина мора да биде и непропадлива и бесмртна.
 
ДАЛИ Е НАШАТА ДУША РАЗУМНА?


7. Дека нашата душа е разумна, би можело да се докаже врз основа  на многу податоци, а најпрвин врз основа  на тоа  што таа изумила многу умеења корисни за животот. Умеењата не се појавиле туку - така и случајно, за некој тоа да може да го каже; исто така, не може  да се докаже ниту тоа дека тие се бесплодни и бескорисни за животот.

Значи, ако умеењата придонесуваат на она што е корисно за животот - а корисно е се што е пофално - пофалното пак  мора да се изврши со разумот и бидејќи умеењата се изум на душата, следи дека нашата душа е разумна, а тоа се докажува и со тоа што нашите сетива не се доволни за поимање на работите, зашто за спознавање на постоечкото не се задоволуваме единствено со сетивните допири.

 Кога не сакаме да застанеме на тоа, се покажува дека сетивото без разум е неможно да го разликува она што е еднакво по облик слично по боја , а различно по природа. Значи, ако сетивата лишени од содејството на разумот, ни даваат лажна претстава за  она што постои,
мораме да просудиме дали може или не може  навистина да се појми она што постои, а воколку може, постои ли друга сила , повозвишена од сетивата со која тоа би можело да се постигне.


Ако она што постои не може да се појми, тогаш нема да имаме можност поинаку да го спознаеме она што го набљудуваме, освен споредувајќи го со тоа, како она   што постои во стварноста.

Ние, меѓутоа, можеме да ги појмиме нештата и тоа ни е јасно од таму што ги употребуваме за своја полза, согласно особините на секое од нив  и повторно ги претвораме во она што сакаме . 

Значи, ако е докажано дека можеме да ги појмиме нештата и дека сетивата лишени од разумот ни даваат погрешна претстава за нив,
 тогаш тоа ке биде умот кој разумно ќе распознае и ќе  спозне се,
онака, како што постои во стварноста.
Умот е разумниот дек на душата и според тоа душата е разумна!

Преведе: М. Даниловска Мина