Студиите покажуваат дека како што старееме повеќе се концентрираме на моралните димензии на верувањето, а помалку на неговата натприродна страна
Религијата е дел од човековата природа и нашиот мозок е однапред „програмиран“ да верува во Господ, сметаат научниците. Доказите за ова тврдење вклучуваат студии изведени кај бебиња и деца кои покажуваат дека мозокот е програмиран да мисли дека умот е одделен од телото. Оваа дистинкција ни овозможува да веруваме во натприродното, да создаваме имагинарни пријатели и да ги конципираме боговите, се вели во статијата на „Њу сајантист“.Други студии сугерираат дека нашиот ум е „опремен“ со преразвиено чувство за причина и последица, што не' поттикнува насекаде да гледаме некаква однапред определена цел и план, дури и кога тие не постојат. Децата на возраст од седум или осум години веруваат дека карпите, реките и птиците се создадени со определена цел. Овие две карактеристики на човековата природа значат дека сме совршено програмирани да веруваме во Бога.

- Сега има многу докази дека дел од основите за нашите религиозни верувања се „вградени“. Сите луѓе поседуваат „мозочно коло“ и тоа никогаш не исчезнува - вели професор Пол Блум, психолог на американскиот универзитет „Јејл“.Студиите покажуваат дека како што старееме повеќе се концентрираме на моралните димензии на верувањето, а помалку на неговата натприродна страна. Научниците исто така веруваат дека кога сме во тешка ситуација, потешко ни е да му одолееме на искушението на натприродното, што можеби објаснува зошто толку многу луѓе се вртат кон религијата во време на криза. Најпознатиот британски атеист и професор на „Оскфорд“, Ричард Докинс, во својата книга God Delusion тврди дека религијата се пропагира преку индоктринација, особено врз децата. Еволуцијата ги предиспонира децата да „проголтаат“ се' што родителите и постарите ќе им „сервираат“, како тоа дека довербата и послушноста се важни за преживување. За идејата за претпрограмирање, тој вели:

- Длабоко сум среќен поради верувањето дека децата се предиспонирани да веруваат во невидлив Бог. Отсекогаш сум бил. Но исто така ја сметам таа индоктринациска хипотеза за веројатна. Двете влијанија можат, а јас и се сомневам и дека го прават тоа, да се потсилуваат една со друга.Други тврдат дека религијата се ширела бидејќи помагала во опстанокот на нашите предци. Споделените религиозни верувања им помогнале на нашите предци да формираат цврсто поврзани групи што соработувале во ловот, собирањето храна и грижата за децата, овозможувајќи им да ги надминат другите. Сепак, ништо од ова не значи за Бог во кој веруваме дека не постои.

 

Религиозните луѓе се посамоуверени
Според истражувањето кое го предводеше неврологот Мајк Инзлихт и кое е спроведено во Торонто, верниците покажуваат помалку сомнеж во себе и своите одлуки, поради што претрпуваат помалку стрес. Инзлихт тврди дека религијата го спречува двоумењето и предомислувањето, па со тоа на луѓето им го олеснува животот. Истражувањето е спроведено на 50 студенти од различно културолошко потекло. Кај сите нив е мерена мозочната активност, најмногу во делот од мозокот наречен ACC, во кој анксиозните луѓе општо покажуваат поголема активност.
Оние студенти кои биле религиозни за време на тестирањата покажале мала мозочна активност во тој дел од мозокот кога биле соочени со тешки прашања, контроверзни работи и прашања кои се оденсувале на нивната самодоверба.