Основачот на темелите на модерната наука – Исак Њутн со оптички експеримент
Слика: picture-alliance

Исак Њутн (енг: Sir Isaac Newton  1642-1727), Еден од најголемите, најгенијалните научници на сите времиња. Роден е како недоносче во Англија, на Божик, во време на граѓанска војна, со мали изгледи да преживее, а сепак поживеал 84 години. Мајка му останала вдовица два месеци пред неговото раѓање. Со големи тешкотии бил изгледан и школуван.

Њутн дал голем придонес во физиката со сега познатите Њутнови закони, но исто така и во математиката и астрономијата. Најпознато научно дело му е „Математички принципи на природната философија(Philosophiæ Naturalis Principia Mathematica), а од христијанските книги што ги напишал, познати му се “Белешките на пророштвата од Даниел”. Иако бил длабоко побожен во христијанската вера, Њутн се спротивставил на царскиот декрет во образованието и науката да се вплеткува и Црквата. Конечно за него била направена отстапка да не мора да биде ракоположен од Англиканската црква за да предава математика и наука на Кралскиот колеџ. Иако морал постојано да се бори за признавање на своите научни откритија. Њутн е погребан со големи почести во Вестминстер Аби.

Познати христијански изјави на Њутн се следниве:

„Сите мои откритија беа резултат на молитва.”


„Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно.“

„Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!“

Натписот на гробот Њутнов

На гробот на славниот англиски математичар, физичар, астроном и философ Њутн, којшто го открил законот на гравитацијата и составот на светлината, стои следниов натпис:

„Тој со својата философија ја прославуваше Божјата семоќ, а со својот живот ја олицетворуваше евангелската простота“.

Споменик на Исак Њутн над неговиот гроб
Извор: Бигорски манастир
28.11.2018 лето Господово