Деновиве во издание на “Рубљов” од Струга излезе од печат зборникот со научни трудови “Црквата и медицината на прагот на третото илјадалетие”. Авторите се руски и белоруски авторитетни свештеници, лекари-специјалисти од повеќе области и психолози кои апелираат на нужноста од здружување на искуствата и знаењата на свештеникот (духовниот терапевт) и лекарот (душевниот и телесниот терапевт), зашто во човекот се органски сраснати двата света, материјалниот и духовниот. Токму затоа и секоја болест се перципира како последица на нарушената рамнотежа меѓу принципот сома и принципот психа.

Како што истакнува проф. д-р Стефан Санџакоски во поговорот кон македонското издание, станува збор за прва и засега единствена книга од овој жанр во Република Македонија. Преку овој своевиден кодекс на теолошко-медицински трактати македонскиот читател се здобива со можноста да ја опсервира медицинската наука со сите нејзини постигнувања и слабости, од најсвежите иновации до актуелните етички контроверзии суб специае аетернитатис, т.е. етичката хипокризија која често ја скандализира светската јавност: демонизацијата на психијатриската наука поради нејзиното обединување со парапсихологијата и окултизмот, неспособноста на психологијата да го дефинира мотивот на човечкото однесување, понатаму фаталните последици од вештачкото оплодување, од новите репродуктивни технологии, од абортусот итн.


Преводот од руски : Ирена Кепеска.

 

Издавач:  “Рубљов” од Струга;


“Црквата и медицината” може да се нарача на следните  адреси:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Цената е 200 ден.