markov.sv.Zlata1.jpg

Победната песна...

Реки Вавилонски

При реките Вавилонски на каменот
седев и од искона за сите
прегрешенија низ мисли
миомирни си редев.
Зборот Твој го барам за да
ме Помјанеш со благодатта
несоздадена, од предвечност
сопостоена, небитијна, низ јазол
од времиња изливана.
Од сите реки излиени, од
сите камени ѕидови и за
сите души очистени,
не давај во амбис длабок
гревовите да не однесат,
ниту пак студот Хималајски
вечно да не замрзни.
Излевај покајание за сè
додека телото си го носиме
крај реките Вавилонски
да плачеме...