Stefan.Petkovden.jpg

Ново раѓање на нова поезија
 

          Предизвик е да се твори во духот на Првопоетот! Ново раѓање на мислите, носи нова поезија. Поезијата, создадена од памтивек не престанува и денес да постои и да создава нови песни, нови мисли и нови чувства. Поети сме сите ние! Нашите молитви, поетски ги произнесуваме на милиот ни Христос, Мајката Божја и нашите светии... Духовната поезија е богата во своите стихови, кратка во зборот, а длабока во мислите.
Со нашиот стремеж во верата и со взаемните литургиски собитија се напојуваме со питјата духовни, па  со благословот од Логосот во нас остава мир и блажено чувство, кое преку листот на јаве се обелоденува. Кога ќе навлезам во мислите и срцето мое, се трудам јазикот нивни да го слушнам и поезија духовна да создадам.
Се радувам што моите нови песни, од мојата (ако даде Бог) следна книга, ги споделувам со Вас!
          На крај ќе завршам со зборовите на светиот апостол Павле кога вели та едномислено и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
Простете ми ако некого соблазнив, а доколку кај некој допрев до неговото срце, тогаш радувајте се со мене!


 
Со љубов во Христа и молитвено сеќавање
Стојанче Андов

Допир...
 
Во потрага по изгубеното се впуштам
и вратата кон Исток да ја најдам,
смирено да чекам, за патот, животот
и вистината да ги најдам.
Чекорите свои по патот ги бројам,
од страна мириса на јоргован
и минутите неколку го одбројуваат
предвкусувањето на радоста вечна
во Царството на Вечниот Отец,
за јас исполнет од Христа,
воздухот рајски да го вдишам
и да се впуштам од земјата кон небото,
во допир со трансцеденстното.
 

Болка...

  И денот, во кој се родив,

ми се чини е благословен од Тебе, Кој

благоволи на земјата,

од Твојата Десница создадена,

нов крин да изникне.

Во мисла сум дали денот е краток,

налик ко звук на една песна и долг

како едно струење на ветерот.

Еден нов почеток кон Тебе

на обожување да почнам и собитен

на Телото и Крвта да станам.

Затишие на кринот да дадам

и од пороците ми

земни да го скротам.

 Не собра воплотувањето Твое

за да ни го покаже страдањето на Лобно,

и да не израдуваш со Воскресението.

Ветерот кој на Лобното

некогаш крај Тебе дуваше,

исплашен од твоето распнување,

и денес,пак, зборува со еден шум

за Твојата смрт.

Сонцето, кое од страв се помрачи

и болката твоја оддалеку ја виде,

ги сведочи  раните Твои свети

и водата со која од Твоето

тело Адам го изми.

Земјата од жал се распука,

времето со своите капки

горко заплака кога Ти дозволи

високо на крст да те распнат.

 Длабока е болката од отсуството Твое!...

 

 

Моето во мене
 
И во тиШината неШто зрачи а
срцето самотијата на
бескрајноста ја опиШува.
Кога мислите високо Ќе ги
издигнам и по патека скудна
Ќе тргнам, мислам дека Ќе Го
најдам Учителот на мудроста.
 
По џвездите трагам...
изгубеното ми цвеЌе
 го барам, кое не се гледа,
ниту пак се допира.
 
Со еден допир на цвеЌето, јас
повторно би се родил и
едната ми мисла во тиШината
Ќе биде сѕмбол на моето во мене.
Ќе се открие ли мислата, или пак
 јас Ќе се најдам во себе-не знам…
 
А  сепак неШто зрачи
во тиШината…

 

                       


Отелотворение мистично
 
Во ладната епоха на едно
утро со листови паднати
подобното ми битие како за миг
да го изгубив, а надвор во
ладната природа духот на
телото со похотта на
гревот се бори.
 
Повторно ли Ќе бидам
собитие на гревот, или пак
битие на литургиски живот?!
 
Восредоточен со телото мое
и духот во едно, соединет
за навек со Христа,
отелотворение мистично
и почнувајЌи нов почеток на
литиргија по литургија!