Совети
(Писмо упатено на Шевирјов)
Н. В. Гогољ

Учејќи ги другите, се учиш и себеси. Во големите мои страдања и тешкотии, на кои им придојдоа уште и тешки душевни маки, бев принуден да водам интензивна преписка, каква никогаш до тогаш не сум водел. Како за инает, скоро сите луѓе со кои бев близок имаа во тоа време внатрешни потреси и преживувања. И сите по некој инстинкт ми се обраќаа за совет и помош. Тука ја запознав блиската сродност на човечките души меѓу себе. Само треба добро да пострадаш, и сите страдалници ќе ти станат блиски, и ќе знаеш што треба да им кажеш. И не само тоа; самиот ум се избиструва: ти стануваат познати дотогаш скриените состојби и боишта на човечката борба, и ти станува јасно на кој што му е потребно. Во последно време дури ми се случуваШе да добивам писма од луЃе кои мене ми се скоро потполно непознати, И на нив да одговарам онака како порано Што не можев. А јас, во суШтина, не сум нималку попаметен од другите луЃе. Познавам луЃе кои се неколку пати попаметни И пообразовани од мене, кои се во состојба да даваат совети неспоредливо покоросни од моите; но тие тоа не го прават, дури и не знаат како да го прават. Голем е Бог кој н# вразумува! А со Што н# вразумува? Па со истата болка од која ние бегаме и сакаме да & избегаме. Преку страдањето и болката одредено ни е да се здобиеме со зрно мудрост која не можеме да ја најдеме во книгите. Кој, меЃутоа, веЌе стекнал и едно од тие зрна, тој веЌе нема право да го крие од другите. Тоа зрно не е твое, тоа е Божја сопственост. Бог ти го даде; сите дарови Божји ни се даваат за да со нивна помоШ да им служиме на наШите браЌа: Бог заповеда секој момент да се учиме еден со друг. И така, не запирај, подучувај и давај совети! Но ако сакаШ тоа истовремено да ти донесе некаква корист, прави го тоа онака како Што јас мислам дека треба, и како Што си одредив себеси да правам секогаШ: секој совет и поука, на каков и да е човек да ги давам, макар и на човек со најнизок степен на образование, со кој не можеШ да имаШ ниШто заедничко, примени го во исто време и на себе, и истото Што си му го советувал, пос
оветувај си го и на самиот себе; истиот оној прекор кој си го упатил на друг, упати си го и на себеси. Верувај, с# ти се враЌа тебе, и јас не знам дали постои некој прекор со кој не би требало да се прекориШ себе ако внимателно гледаШ на себеси. Сечи со двосек меч! Ако ти се случи да се разгневиШ на некој, разгневи се истовремено и на самиот себеси, макар и затоа Што си се разгневил на друг. Прави го тоа непрестајно! НикогаШ не го тргај погледот од себе самиот. СекогаШ имај се за набљуден предмет себеси, пред сите други. Во тој поглед биди егоист! Егоизмот не е лоШа особина; на луЃето им беШе дозволено да му дадат такво скверно толкување, а во темелите на егоизмот лежела суШтествена вистина. Позанимавај се најпрво со себеси, а потоа со другите, биди најнапред самиот со чиста дуШа, а потоа грижи се другите да бидат чисти.
                                                                                                                        Н. В. Гогољ

 

Подготви: Михаила Поповска