38.machenici1

Како што стареев, сè помалку ме исполнуваа малите задоволства што ми ги овозможуваше животот и ми стануваше појасно каде треба да ги барам вистинските извори на радоста и на смислата.

„Научив дека, да се биде сакан не значи ништо, а да се сака - сè, дека вештината  да чувствуваме е тоа што му дава вредност и убавина на нашето постоење. Ако каде било на земјата се појави нешто што би можело да се нарече среќа, тоа нешто е создадено од чувства. Парите се ништо, моќта е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, па сепак се несреќни. Убавината е ништо, сум видел убави мажи и жени кои беа несреќни и покрај нивната убавина. Ниту здравјето не е сè; секој е здрав ако така се чувствува; има болни кои се полни со волја за живот, што не ги напушта до самиот крај, но има и здрави луѓе кои венеат измачувани од стравот од страдање.
Среќата е секогаш таму каде што некој умее да сака и живее за своите чувства; ако ги негувал, ако не ги изневерувал и потиснувал, тие му носеле задоволство.
Убавината не му обезбедува радост на тој што ја има, туку на тој што умее да ја сака и да ја обожува.
Знаеме за различни чувства, но тоа е само привид. Всушност, сите тие се едно. И волјата, на пример, е едно од нив. Но, за мене и тоа е љубов.

Среќата е љубов и само љубов. Среќен е тој што умее да љуби.“

Херман Хесе
 
 
 
 Избор од фб профил на
 
 
22.05.2021 лето Господово
 
 38.machenici1
 
38.machenici1
 
пп