Кај што цутат мини-библиотеките
 Кај што цутат мини-библиотеките
Нешто се поголеми од поштенски сандачиња, полни се со книги (бесплатни) и може да ги позајми кој сака. Ова се мини-библиотеките што никнуваат во секое ќоше на САД

 Овие неофицијални библиотеки работат на принципот „земи книга, врати книга“, а може да се врати веќе прочитаната книга или некоја сосема нова.

„Минатата година стигнаа 11 нови книги“, изјавил Кевин Саливан кој отворил ваква мини-библиотека во едно предградие на Вашингтон, како подарок за неговата жена која била вљубена во книгите.

Неделно ставал околу 30 книги во дрвена кутија во форма на куќичка која ја поставил на влезот во дворот.

Половина од книгите се за деца, бидејќи Саливан и неговата сопруга живеат во близина на училиште и мислат дека би било супер ако родителите и децата „навраќаат до библиотеката за да земат некоја книга“.



Концептот на мини-библиотеки се појавил во 2009-та година во Висконсин, а сега слични такви библиотеки има низ целиот свет..

 Извор: Он нет