Изминатата недела беше отворен првиот 24-часовен автомат за книги во САД. Тој бил произведен од страна на „EnvisionWire“.

Оваа автоматска машина нуди над 400 книги, ДВД-цедиња и аудиокниги и може да чува над 1.000 вратени предмети. Машината е првата од двете кои ќе бидат ставени во Норман, Оклахома. Двата автомати ќе бидат сместени во регион кадешто нема традиционални библиотеки.

„Библиоматите“ станаа популарни во Кина, најмногу во малите градови во кои нема големи библиотеки.

Овој модел чини 200.000 долари. Наскоро се планираат и многу повеќе вакви автомати низ САД. А, кај нас? Можеби некогаш ќе ја имаме таа среќа некој да издвои 200.000 долари за доброто на населението. Сега, погледнете го автоматот во акција.

 

 

Извор: Факултети