Љубители на уметноста заинтересирано ја разгледуваат инсталацијата, дело на култната уметничка група ИРВИН од Словенија, која завчеравечер беше изложена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Во специјални рамки се изложени 12 икони, позајмени од прилепскиот Завод и музеј. Пред нив е поставена макета-реплика од посмртниот одар на уметникот Казимир Малевич.