Stefan.V.CHetvtok.jpg

Оваа икона е насликана е во 2010 година во СПЦ “Свети Дмитриј” во Виндзор, Канада од македонскиот зоограф Глигор Стефанов.

 Икона го прикажува празникот на големата радост и новост за човечкиот род, затоа што го навести долго очекуваното доаѓање на Спасителот.
         Во преден план се поставени двата главни карактери на иконата Архангелот Гаврил и Богородица.
         Архангелот Михаил е преставен во динамична поза. Ангелското десно крило е раширено зад неговиот грб, додека неговото лево крило е вперено нагоре предполага дека тој само што ја допрел земјата. Динамичноста на наметката и позицијата на неговите стапала покажуваат дека тој само што слетал од небото. Неговата појава како обоена светлина е величанствена. Габриеловата десна рака е испружена према Богородица пренесувајќи и ги пораката и Божјиот благослов. Во неговата лева рака држи палка која ја симболизира неговата ангеска должност.
         Богородица носи црвена наметка. Трите ѕвезди на челото и рамената ја симболизираат Нејзината невиност пред, за време и после Христовото раѓање.
        Нејзината глава е благо наведната како знак на послушност и прифаќање на дадената довербата од Бога. Во нејзината десна рака Таа држи вретено со црвено предиво што го симболизира Христовото олицетворение.
         Имагинарната архитектура ја зголемува важноста на настанот, симболизирајќи го Ерусалимскиот храм и воедно укажува на тоа дека настанот се одвива во внатрешен простор.
         На горниот дел од иконата  гледаме небесен полукруг со светло плаво обоени зраци. Еден од нив е насочен кон Богородица допирајќи ја на рамото. На овој начин е преставена тајната на зачнувањето.